Непрекинувана од други звуци, таа песна само уште повеќе ја потенцираше големата тишина и далечната осама, чувството на носталгија, на тага, од кое, ноќум, еве, не може да се одбрани ни еден градител како мене, ни еден копач на бунар, водач на маска, дури и кога големата идеја веќе се овенчува.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Единствено чистачот на чевли на Plaza de Armas знае дека секој тажен ден е бескрајно долг и не се занесува со сјајот на новата епоха отшто во секоја епоха имало и ќе има чистачи на чевли и бескрајно долги денови на тага и на недоветен занес.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Тие бои, во основа, како да го откриваат мотивот на песната, како да ја насочуваат мислата исклучиво кон прапростојбината на тагата во која до стрните до високото пладне кружи времето преобразено во илјадници бои и слики.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Солзите се бистри на тагата. Еден ги лее, сите се растажуваат.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
И молчев, молчев, ожалостен и намален божем да имам четири а не пет години.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Да може да ги види Ван Гог, сигурно би заборавил на своите „Јадачи на компири“ и целата своја дарба за пренесување на тагата, грижата, маката од тешкиот живот на обесправениот работник, би ја насочил кон скицирање, то ест овековечување на нивните изрази на лицата.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Но далечното ѕвоно ја отчукуваше возбудата на моето срце што раснеше со трепетливоста на тагата и радоста, најпрвин на тагата за сите мртви на патот што пролетта ќе ја почувствуваат по движењето на лесковите или габеровите корења, потоа на радоста што сум жив и што можам со прсти да го допирам своето врело лице, што оздравувам од невестинска песна, придружничка на птици и клокотава смеа на селски дечишта: Кога, дете ќе ми плаче ќе ми плаче за цицање полегни го под стреине ќе заросам ситна роса ќе надојам машко дете ...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
А ти не прашувај ме за молепствија - чумата ги коси и игумените и дијаците. Да.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Времето не им е соујзник. Ги глода. Не се даваат, спомен се, паметник на тага и крв.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Господи, со очај се мачев да разберам. Можеби само ги мислам своите прашања и можеби сум веќе безгласен и глув, мртов или пред умирање, нападнат од момчешки соништа!
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И тие четириесет и три мали тврдини од оној свет - камен врз камен, во пукнатините на ѕидовите гнијат диви треви, врз истоштеноста легнале неотпорни покриви.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Избројав во сивилото единаесет орлишта и слушав со горчливост на тага во стомакот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во далечина се лелеел предаприлски воздух и можел да биде река на стопена срма, тек на проѕирни настани од волшебна приказна од која во душите ѕвонат танки жици на тага по нешто што било и што не ќе се повтори веќе.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Јастрепски остроока, подгрбавена аглесто и со машки објала под црната калуѓерска облека, така што дури и рамениците ѝ личеле на скршени или преморени крилја, изгледала дека никогаш веќе не ќе зачекори по таа земја на тага, дека ќе остане на тоа и свето и проклето место, помеѓу две нездрави црни борови стебла, и самата да пушта од себе испреплетени корења и да го наслушува со накривена глава минатото.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Дојдени сме како пријатели но можеме и да ги запознаеме вашите закони.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Косите, повеќе лилави отколку црни од јад или побелени од спомени, ѝ ѕиркале од под забратката и биле некако призалепени за скаменетото лице што не познавало насмевка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Мажите, што го носеа мртовецот, се менуваа постојано, а тој, Змејко, со торбичката со читанката и со таблицата преку рамо ги притискаше со раката кондилите и моливите да не тропкаат внатре и мислеше на тагата, мислеше на жалоста, ја носеше врзана во еден цврст јазел во грлото, го раскинуваше и него и му го сопенаше здивот, но мислеше како ли расчешнува таа кога оној, што го носат мажите, е твојот татко, да е скраја и далеку.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Стипцосаната земја, над која пловат зачаденост и црни испарувања на тага, ја ора усвитено железо и ја јалови оган, по нејзините врвици и библиски беспатици јаваат на коњски костури апокалиптични рицари - чумата, поморот, алчноста, бесот:коњските узди се густ сплет на змии, здивот на јавачите е сув ветар од кој и коренот на кровот се суши; зад нив останува трага: дрвени крстови, плочи со камени чалми, несобрани трупишта, урнатини.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Врз селово, се случувало кај нас, паднала омарнина на тага.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
А мојата душа плаче, како разгорена искра на тага.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Се спуштаат тие по трње низ гранки камењари со товарот тежок на зграгореното време по сенката дур им се влечат со чекор премален и сончевото пладне и дождот на неверната пролет Патот негов е долг со пробудените гори во згаснатите очи низ мракот устремени кон солзите на таа што пазувата за навек му ја дари Се враќа сега поетот од домот негов пресен кон старата стреа на ридот во забрзаните води ликата што му ја бара и сенката сал му ја помни И на тој дален пат го придружуваат сите со замолкнатата песна што не знае да молчи и што кон биднината сонувана го води Недооден пат на тагата Воздишката на пролетта го следи кон хоризонтот на незгасливиот збор Се развева тој во замав нов како семе упатено кон отворените предели на надежта Враќање сега е тоа по свршената работа на смртта во часот глув Попусто на ништото таа песната да му ја предаде сака со процесијата тажна на прагот на муграта што огрева
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Притоа загадочно погледна кон чичко ми. Нивните погледи како да водеа разговор. Личеа на погледи со многу сонце над сенката на тагата.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Брз е тој чин на разделбата! Маските на тагата паѓаат од лицата.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
„Васј! Васј!“ повторуваше, безумникот, зафатен од талазите на тагата.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Престана да ги ослушнува нашите гласови, затворен во спалната, со книгите. Спалната мирисаше на тага.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Таа одвратна маска сака во мене да легне да ечи меѓу младите брегови на соништата и да ги исполни со чадот на стравот и на тагата и да ги исполни со чадот на слабоста пред смеи мечти
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Нежност покриена со црн превез, невиност сокриена во сенката на тагата, младост украдена од раката на болката.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Сама во самотијата, сама меѓу бреговите на смрта и брановите на животот, сама во самотијата!
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Секој допир е инхерентно сплотување на душите, несебично давање дел од најдрагоценото, дел од себеси, збогатување на радоста, разбирање на тагата, ритуал на взаемна егзистенција.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Интерферираат вкусовите на страста, се храниме со чувства, растеме со животот, се грижи ме, се почитува ме, зошто само така можеме да постоиме заедно.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)