на (предл.) - султан (имн.)

Едни сметале дека е подобро чалмата на султанот отколку митрата на папата.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Сите треба да одиме кај валијата16) и да му го честитаме родениот ден на султанот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Јузбашијата, уште не седнат убаво, го дочитуваше краткото, но јасно писмо од кајмакамот, кое со својата содржина ги вознемири претставителите на султанот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Овој час наш човек ми кажа дека овие дни — салам и тој не знае кога — ќе имаш гости од планина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Слушаше како кај комшијата вратата се отвораше; како го изведуваа и втеруваа; како викаа на него, го псуеја, ги слушаше како плуштеа камшиците и како тој сиромав стенкаше и псуеше мајка, вера, жена, деца и на султан и на валија, и на кадија, кајмакам и на сите Турци. Но не се јавуваше ни за добро ни за зло.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Султанот Мурат Втори, Татко на султанот Мехмед Освојувачот, ја изградил оваа џамија како своја задужбина.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сликарот приседна на миндерот, ја отвори книгата и го созна следното: „Фазли паша, зет на султанот Бајазит, маж на неговата ќерка Зулфија.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Бидејќи во Турција не се признаваа нации, туку вери, а овие беа олицетворени во признатите автокефални цркви, основањето на Бугарската егзархија го наложи и административното воведување на бугарското име за сите поданици на султанот што се приклучија кон таа единствена словенска православна црква во границите на Турската Империја.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа биле студени години во кои сиромаштијата под планинската црногорица му плаќала на султанот данок со крв, кога делии со зелени чалми ги собирале машките деца и ги носеле во булук кон Стамбол и кон Едрене, таму да ги потурчат, да ги научат да бодат со копја и да сечат со синџири, и самите подоцна, како брадести јаничари искитени со шарени перја и натоварени со топузи и криви сабји, да собираат нов данок во крв и да се борат против ајдутите во чии чети бил и Парамон Мечкојад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од што се плашеле? Бездруго од платеници на суробрадиот Али-бег што не признавал друго воденичарско господарство освен своето: па дури и на оние благолики Турци, наргиличари со среќна насмевка на алахови почитатели што не ја одобрувале неговата алчност, бегот можел да им се одмазди на некој начин; во својот долап со изрезбани арабески во дабово дрво имал пергамент за дедовски и татковски и свои заслуги во кој, со милосливост на султанот Махмуд Втори, се барало од граѓанските и воените власти да му бидат секогаш при рака, не додавајќи ги кон сето тоа легендите за неговите браќа што се истакнале во ликвидирањето на побеснетите јаничари и крџалии и пријателството што го врзувало со секакви мутеселими, кадии, кајмаками, шејови, заслужни бегови; се знаело дека во еден спор и самиот валија, државник и поет и исто толку почитатели на поетите Зати, Фузули, Наби, Вејси, набожно ги допрел со набожниот султански ферман градите, усните и челото и го прогласил неговиот стопан за доживотен праведник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Оној негов дедо или дедо на дедо му се викал Парамон и, како сите од тоа време во Кукулино, бил умен и со две очи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Истражувале како да се сочуваат, да останат толку колку што останале живи и пак, без караници, умно наслушнувајќи се еден со друг, се поделиле: едните мислеле дека е побезопасно да се патува дење, другите верувале дека ноќе не ќе сретнат никого дури ни на царски друм.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сакаш ли да појдеме и ние во бавчите на султанот?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Не беше шака, исклани беа царски луѓе, стопаните на Имотот, и никој не можеше да претпостави, при недостиг на вистински виновник, врз кого од нив ќе се истури гневот на султанот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од сите поранешни привилегии им ја оставија само таа, да живеат на Имотот и да управуваат со Потковицата, да не мораат, како другата христијанска раја, да работат на полето, но и да опстојуваат делејќи го со неа, со своите довчерашни отроци, тоа што ќе преостанеше по толкуте давачки: покрај приходите од полето, од шумите, од ливадите, од лозјата, ним, на султаните, мораше да им се исплатуваат давачки и за патиштата, и за поилата на добитокот, па дури и за блатата и мртвиците во кои жителите на Потковицата ловеа риби и береа шамичишта и врбови прачки за кошари и кошеви.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во 1831 година Грција доби автономија под суверенитет на Султанот и стана Кнежевство.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не би час и Хаџи Ташку достаса, заедно со општинарите кои отидоа да го повикаат, заедно со тајфата и со Арнаутите од анот Богатиноски.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Таквата помисла, за преминување во ислам, ни на крајот на умот не им паѓаше ниту на султанот, ниту пак, ним, на Акиноските.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Одржа една куса реч во која ги пофали потковичаните што се одѕвале на желбите на султанот, (да му се илјада години и севишнот да му ги умножи блаженствата и радостите) за општественоравненство на народите во империјата, ги прими планот и писмото, (покрај парите за такса Максим му тутна и едно навезено кожно ќесе со лири) и испрати по Хаџи Ташку - милум или со сила да го дотераат; рече Измирувањето со тој кодош има пред мои очи да стане.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ние, јас и Костадин Дамчески, вели погледнувајќи во Васила кој ги донесе камењата и сега држејќи ги в раце стои над него, планиравме оваа година таму, во Стамбол, да испратиме наши претставители и тие да му го предадат планов и писмото лично на султанот, но прилепските првенци нѐ советуваа да не го правиме тоа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се натпреварувале баклаваџии од сите страни на царството кој ќе подготви повеличествена, послатка, со што повеќе кори, баклава во чест на султанот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
По пет години, младите луѓе се вратиле од студиите во Франција и по наредба на Султанот одат кај валијата да им најде работа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Значи поврзаноста на султанот со јаничарите, значаен услов во владеењето, не бил симболизиран само преку баклавата? запраша Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Го повикал валијата кадијата и му вели: лекарот ќе го ставиш да биде писар, писарот судија, судијата лекар, а ајвандокторот учител.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дојдени од далечните азиски степи и од Монголија, Османлиите во Цариград ќе се здобијат со нови навики, но не ги напуштаат старите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа стануваше уште појасно од монологот што го продолжи Али Фети: Мојата генерација со Мустафа Кемал, уште во најраната младост, во Воената гимназија во Битола, стануваше свесна за неопходното урнување на султанот Абдул Хамид и на одживеаната Империја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Јаничарите израснати во и крај царската палата султанот ќе го сметаат и за нивен симболичен татко, кој ги храни и воспитува, ги подготвува да војуваат за него и царството.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Заедничкото на јаничарите и језуитите им беше тоа што и едните и другите исчезнуваа толку тажно и во мрак, без зрак слава и признание, жртвувани за подемот и величината на Султанот и Папата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Султанот Мурат Втори, таткото на султанот Мехмед Освојувачот ја подигнал како своја задужбина.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кај валијата, на султанот му потурија да се измие во биљурно коритце од сребрениот ибрик украсен со драги камења што го направил некојси Ибн Пајко, тогаш рисјанин, а сега само Мурат-ага, му рекоа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
На предниот дел од џамијата, може си видел, а може и не, на плочките со натписи, се впишани сите имиња на султаните и датумите кога џамијата е подигната, скоро пред сто години.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ќе нарачам со него да му потураат на султанот да се измие, кога ќе ми дојде на гости.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Излегуваа со гавазот и Бошко од Скопје, а уште се слушаше викотницата што го поздравуваше заминувањето на султанот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
– А вие – им се обрати на сужните – ќе бидете ослободени од прангите и затворот и ќе си одите во вашето Мариово заедно со овој ваш син и брат Ангелета, како што сте го викале порано, но ќе гледате да не се посрамотите со нашиот падишах.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Со циничен смев ги покани да се предадат и му вети дека жените, децата и старците се под лична негова заштита, а водачите ќе се испратат лично на султанот во Истанбул тој да им пресуди.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
По облеката, лицето, брадата и косата, по накитите на рацете, ќостезите и турбанот на главата се гледаше дека е тој висок службеник во палата на султанот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Побара да го пренесат на азискиот брег на Цариград за да му ги предаде бунтовниците лично на султанот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
ТОКМУ ВО ТАА ЕСЕН кога Сирмевци се приготвуваа за свадби, седеа група агалари во едно од прилепските кафиња и слушаа како еден од нив раскажува; кога, одеднаш се разнесе силна смеа во кафето: – Ха-ха-ха-ха – се насмеа слатко прилепскиот кадија и ги погледа агаларите околу себе со извесна иронија на лицето, слушајќи го оној пред него да раскажува како во прилепската нахија имало раја непокорна на султанот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Потоа почна да му предлага на султанот такви војнички планови, што ни самиот султан не можеше поарно да ги предвиди.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Мариово останува и понатаму султанов хас што ќе дава сто илјади аспри годишно, кои пари лично на султанот ќе му ги носи секоја година мариовскиот земски кмет што ќе си го избира народот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Санџак­бејот оттогаш ќе биде застапник на Султанот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Луман и арамија по малку навистина е, ама и на власта свое ѝ е, на султанот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Факт е дека турските власти ги исползувале тие атентати за да ја обезглават и компромитираат Револуционерната организација како анархистичка и да му се одмаздат на нашиот народ кој ја имал смелоста да дигне глава во цела Македонија против режимот на султанот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Паралелно со полнењето на затворите во речиси цела Македонија и применувањето на познатите и испитани тортури против целото македонско население (специјални експедиции против македонски села, палежи, грабежи и слично), во Солун се подготвувало судење кое, според замислата на официјален Цариград, правосудството на султанот требало да го претстави пред Европа во една за неа непозната светлина.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
При една провала во 1900 година биле уапсени сите, под сомневање дека нешто подготвувале против поредокот на султанот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)