на (предл.) - стратегија (имн.)

Без каталогот на Ла Ринашенте, таа како да си го беше загубила капиталниот дел на библиотеката со кој ѝ се одржуваше рамнотежата со сите други Таткови книги, во градењето на стратегијата на опстанокот на нашето семејство во егзил.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
4 Можно е, меѓу другото, да станува збор за економски влог во склопот на стратегијата на формализација.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа ќе биде драмата на барањето на патот на слободата во лавиринтот на стратегијата на малите чекори, на политиката, замислена од Хенри Кисинџер.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Иако не ѝ беше туѓ на филозо­фијата, тој обид не беше ниту филозофски ниту исклучиво теориски или критички, туку ветуваше (тој самиот беше тоа ветување), воедуваше нови тела на пишување, во залог даваше нови потписи, нови тела во кои ниту филозофијата ниту литературата, ниту знаењето воопшто, веќе не наликуваа на својата слика или историја.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Очигледно, поведението на системот зависи од софистицираноста на стратегиите и на механизмот на промената.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)