на (предл.) - страдање (имн.)

И кога почувствува дека догорчето му гори прсти, ја истресе пепелта и како да се жалеше некому, рече: - Навикнавме на кал, на студ и дожд, на глад и жед, на магла и виулица, на вошки и нечистотија, на тресокот на бомбите и рафалите, на страдања, на крв, на болка и на ранети, на сакати и мртви, да нѐ убиваат и убиваме.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Имам чувство дека ова парче земја, вечно место на крстарења на небројни завојувачи, место врз кое е растурена лакомоста на соседите преку кои големите наоѓаат своја сметка, заради што е подложено на страдања, тагувања и исчекувања, е единственото место каде човек само со пот го спечалува лебот насушен, а мир и покој нема до крајот на своите дни...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Бонети рече: - Не ја исмејувам, но знам дека христијанството се засновува на суровост кон себе, на страдање, на лишување од сите благодети земни, на лишување од сѐ што примаат сетилата, потиснување на радоста, на желбите, на волјата, бегање од стварноста, презир кон телото, живеење само заради душата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Рана е тоа, жестока и парлива рана и тој ја копкаше, зашто сакаше да страда и да ја помати свеста во болката на страдањето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Екологистичкото инсистирање врз избегнувањето на страдањето може да е вистинито кога станува збор за животните, за коишто можеме да речеме дека се придвижени со инстинктот за самоодржување; но, кога станува збор за луѓето, важи спротивното - како суштества на јазикот тие битно се означени со силата на самоуништувањето, т.е. со нагонот на смртта.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
За нив животните се еднакви со човечките суштества токму поради избегнувањето на страдање, и затоа треба да бидат третирани како луѓето.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Деловите на полегнатите човечки стави како да биле поделени на студени и топли зони и додека стомачните мускули им трепетеле на тврдата земја, преку тилот и меѓу плешките им се разлевала морничава врелина, и некој, едниот или другиот Онисифор, мислел дека крвта бара пукнатина на кожата да шибне како црвен знак и да му се придружи на сонцето со брзина на светлоста ослободувајќи се еднаш засекогаш од кожурците на глупавата препаленост, на страдањата и искушенијата што некогаш биле склопец на животворен течен мерџан.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Откако се уверил дека луѓето и воловите не може да бидат видени од ниедна точка на патот, Онисифор Проказник нашол засолниште од кое сета околина му била пред очи како отворена дланка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Божем големината на болката зависела од големината и видот на страдањата!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Пелагија каснува од слаткото што мириса на дуња, на дом, на сигурност, сака и таа да се уфрли меѓу зборовите на тетката, ама нема место за нејзините зборови, не може да направи простор во нејзината реденица оти таа ги стиска зборовите еден до друг, смислата одвај да допира до свеста на Пелагија, само негде длабоко во срцето веќе знае дека не само што нашла засолниште, туку како да ја нашла тетка Евдокија од Прилеп, односно како да оживеала нивната мајка, нејзината и на Добра, одонде, од зад границата, па наслутувајќи големи премрежиња, брза да ги откине од патот на страдањето.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Градинар во сите годишни времиња. Во неговото лице, со избраздено чело, беа напластени повеќе слоеви време на страдање.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но Палестинците, како и самиот Арафат најмногу, ја имаат вродената моќ да создаваат симболи за да ја поднесат трагичната реалност: седиштето на претседателот Арафат стануваше симбол на мачното опкружување, на страдањето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мина три затруени години во кафезот на заробената слобода.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Истото искуство на страдање ги собира околу козите овие селани од различни етникуми и конфесии.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Никој не знаеше што да му каже, но секое јавување ја зголемуваше неговата беда, зашто неговото љубоморно дивеење веќе стана познато меѓу непоправливите ноќни птици од Мартима, па почнаа да му одговараат со секакви досетки што го наведуваа на страдање.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Преживуваше зобајќи ги со гадење затворските дневни оброци со помош на приборот закачен за дрвената маса, додека погледот постојано ѝ беше закован за литографијата на генералот Франциско Франко, која од височина владееше со мрачната средновековна трпезарија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Имаме значи предочување на персонажа што персонифицира профил од балканската почва, во која се втиснати бројни тајни на страдањето: „...во тие бујни, побелени коси се криеја големите архиви на балканската историја на нашето семејство во егзил” – бележи авторот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајкиниот живот силно ме поучуваше, низ многуте задржани и малкуте пропуштени солзи, дека секој си го минува својот живот низ сопственото чистилиште на страдањата, за да стигне до вистинските солзи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка беше ретката во семејството, во пределите на нашите преселби, која умееше без збор, без лелек, без знаци на умора, да си го допира дното на страдањето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајкините солзи беа најтешките капки на судбината кои таа, по цена на силно внатрешно страдање, ги задржуваше потиснати длабоко во себе, во својата мајчинска суштина, како силни знаци на страдањето и на издржливоста, со крајна цел да се одбрани семејството, како тивка победа над поразот на кој бевме осудени во егзил.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Имаше стоичка величина во широкиот регистер на страдање на овие луѓе.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)