Така загледани, седиме ние на прагот од тоа што беше куќа, а јас се обидувам да се вгледам во очите на старичката и низ нивниот блесок да влезам во нејзината душа и да проникнам во нејзините чувства.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Човекот како да сака да и олесни на сопствената болка и на маката што ја влече со себе, ги повторува и ги преповторува зборовите на старичката и, тврдо газејќи напред, не свртува опул зад себе.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Нашминканото лице ѝ личи на кукла: час со изглед на девојче, час на старичка, никако меѓу нив.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Дете на градите на мајката Загледано во ѕидот на куќата, Девојки скриени во житата со небесни цветови во косите, Црвена светлина што се слуша отаде петровденските камбани, Светулка скаменета на отворена книга во дворот, Коњ што фрчи низ ветерот над реката, Стар часовник што бие меѓу прозорецот и ноќта, Име врежано во каменот на соседот, Бела пеперутка што се буди во тревата, Жнеачка што му шепоти на плодот во неа, Девојка што се крие во душата на темјанушката, Старец што оре со погледот по мапата на татковината, Буква скриена меѓу црешите За да не може да се соопшти зборот што е неопходен, Победници што се плашат од пепелта на поразените, Денот на нејзиното раѓање – меѓу два глужда на црешата, Непрепознатлив глас што шета низ темнината, Младичи што којзнае Од која страна на времето заминаа, Пролетен ветер што тропа врз твојата песна И ти Што сакаш да ме прашаш Уште ли живееш спроти нас, Во пустиот дом на старичката?
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Дечиња си играа, се валкаа, прескакаа едно преку друго сѐ дури огнот не ја префрли оградата и не се нафрли на усамената куќарка на старичката.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Тој беше повисок од таа здиплена наполно старичка, онака сува и вдовички свитката у две губи, таа појде кај Башмајсторот, нешто зборуваше таму, Башмајсторот само климна неколку пати со главата, загледан во орото, а Змејко тогаш можеше да го чуе оној глас на старичката, тој глас од тажаленките во летните приквечерини, кога рече таа: „Чувај ми го, мајке, добро.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Верува дека топлата и блага приказна што ќе ја смисли нема да ја зголеми болката во градите на старичката, туку дека ќе ја претвори во радост и блажина.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Сите напори ги совладуваше со леснотија од едно чувство на исполнетост од големиот подвиг што го направија заедно со Танаско и неговата Пена - што ги вратија моштите на дедо Костадина во Македонија и што ѝ ја олеснаа смртта на старичката.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
- Ве молам, простете што ве измачивме, - ѝ се обрати на старичката.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)