на (предл.) - старите (имн.)

Онаа која признава само подлоги влажни и мрачни, подземја непожелни дома, избива одненадеж како пожар лази по таваните божем по одбрано небо без брзината на лебарките глувците и осите. Неприлагодена и грозоморна без митологијата на старите.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
АНТИЦА: Ами кога ќе чуе? А кога ќе му кажам, ќе рече: Леле, на старите им го зел господ умот! (на вратата се појавува Василка).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Новата пропаганда ќе оди преку Интернет. Младите се новата сила. На старите ниту им веруваме, ниту пак бараме нешто од нив.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Де сега за пет декики да собериш селаните сите овде пред конакот, да побараме тие деца и да пратиме на кајмакамот, да правит малку тербиет тој, кога не можите вие старите да повелате вашите деци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повлечен, тој се задоволуваше со тоа да посматра како играат шах или да го слуша разговорот на старите, без да се замеша со некој збор, како што правеше Гога.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
А сега, како велито вие: децата јадат сливите — на старите трпнеат забите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)