на (предл.) - спогодба (имн.)

После добивањето на конечната пресуда во нејзина полза таа потпишува вонсудска спогодба со која се регулира исплаќањето на парите од страна на работодавачот и тоа на две рати.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со истиот член од ЗИДЗРО од септември 2010 година дополнително беше предвидено дека работодавачот не смее да го условува склучувањето на договорот за вработување со потпишување на спогодба за престанок на работен однос (т.н. „бланко отказ“), со што конечно се укина оваа можноста за примена на оваа малициозна практика од страна на работодавачите секогаш кога работникот ќе се „дрзне“ да си ги штити своите права.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Првата половина од парите ѝ е исплатена уште наредниот ден, а втората половина – после десетина дена од потпишувањето на Спогодбата. ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, потпишувањето на спогодбата се направи под определен притисок и со закани пренесени преку одредени вработени, а се со цел да се избегне скапата постапка на присилна исплата во еднократен износ, која би се спровела по пат на извршител.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)