на (предл.) - спаија (имн.)

Расправијата околу „сноп" и со „преоек" ја прекина појавата на спаијата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И сите ќе му платат на спаијата по оваа скала. Од шест, од осум, од десет, дванајсет — кило.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но зборовите на мајка ѝ како ќе биде утре само таа в село писмена; како ќе може да чита „големи книги"; да пее в црква та дури и писарка на спаијата може да му стане и да вади добри пари, — сето тоа ѝ даваше кураж да издржи и редовно да ја посетува школата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Оттука и сите селани — чорбаџии, се разбира, му беа познати на спаијата, а и тој ним, та и сега, кога им стана спаија, си идат како кај „свој човек“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Влајко Лазев, Мало, Чолакот и Сребрин им советуваа на веачите да не брзаат, да остане мерењето за утре, за да можат ноќеска да спијат по некое и друго кило, ама Сулиман ага, и тој чивчија по занает со чифликот во Лагот, многу убаво ги знаеше сите марифети оти тој самиот им ги правеше на спаиите, па им даде зорт: довечера да биде мерено житото.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)