на (предл.) - сопирачка (имн.)

Наместо на сопирачката, таксистот стиснува на гасот, возилото забрмчува уште педесетина метри, додека не запре со нагло кочење.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Најтешко му беше кога гледаше како толпата трчаше надолу, накај џадето.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Сега знам, но тогаш не знаев зошто толку нагло притисна на сопирачката и сврте во полукруг, чкрипејќи; ќе падневме двајцата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Реон два, станица три, блок тринаесетти, кој би можел, и покрај сите прецизни бројки (плус последната – баксузна), да се снајде меѓу овие огромни живеалишта без жители, со празни ходници тесни како црево и лифтови како картонски шупи, освен некој покиснат питач и неговиот потенцијален убиец.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Одеднаш нагазив на сопирачката. Видов како на мојта глава пролета Високиот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кога мислеше на тоа, му беше страв да затвори очи зашто веднаш во мракот се појавуваа ровови, а во нив телата на момчињата...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)