на (предл.) - смеа (имн.)

Последните два пати не му успеа, остана некаде при дното на табелата, во долниот дом, како што се вели на смеа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тоа го гонеше на смеа - гласна, пилеста.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Марија, да се насмееме, во градот гостува циркус, и предложи. Кловнови, шарени императори на смеата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
На смеа, на шега ме гиба.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Куно, до полноќ за тебе, од полноќ за мене. - Како да не. Арсо ќе донесе, Арсо ќе се мези.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ама тој буцкач и валиица еден ден ќе разбули. Почекајте, ви велам, пич е. Прашања, извици, споулавеност. Плач на смеата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Вака млад, а не се контролираш веќе” се ругаше Стариот писател и наполно ѝ се предаде на смеата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Толку се засркна што во еден момент си ја кладе и дланката на устата, но и покрај оваа мерка на претпазливост од неговата исушена дланка како да се измолкнаа крупни парченца смеа и се истураа по килимот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Есенбаците удрија на смеа, та ми го испија целиот шнапс од Дојче Демократише и ниту капка не ми оставија од тоа позападното.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ја чекаше да се врати и сакаше на смеа да ѝ се изгребе од наполитанките, со надеж дека таа ќе престане да му се лути.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)