на (предл.) - сламарник (имн.)

Така и се разделуваат со Чана, таа оди кај својата Митра со Дончо за рака оти не може да го крева, а Пелагија останува со нејзината Пеличка да се сместат на сламарникот што е наместен врз големиот ковчег во кој го донесоа телото на дедото Костадин.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
„Си посегнал“, реков попусто тргајќи ги рацете од клештите на неговите прсти.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Ти по сѐ посегнуваш. Ќе те убијам, ти се колнам.“ „Тикво зелена“, ме бутна на сламарникот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Арсо се врати во каушот. Го најде Глигора седнат на сламарникот меѓу група затвореници и за нешто оживеано спореше.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)