на (предл.) - слабост (имн.)

Особено ако умее да се издигне над политичкото милје во кое живее, допуштајќи си еден контрапанагиричен стил со кој ќе укаже на слабостите во општеството, како во колумната „Кругови“ од 19 јуни 2012, на Утрински весник, во која авторот нејзин го вели следново: „...и планетите се вртат во круг и ако од нив се одвои камен, тој неминовно паѓа зашто ја нема центрифугалната сила која ќе го држи.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Веројатно најправдива оценка на слабостите на ТМОРО направи Вториот окружен конгрес во Солун /1905/, непосредно пред одржувањето на Рилскиот конгрес на Организацијата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Премногу често, во дискусиите за својата работа, преведувачите ги избегнуваат анализите на нивните методи концентрирајќи се на изнесување на слабостите на другите свои колеги.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Стисокот на ремените околу неговото тело повторно стана цврст, но болката беше исчезнала, а тресењето престана, оставајќи му обично чувство на слабост и на студ.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зашто, промената на мислењето, па дури и на политиката, претставува признавање на слабоста.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас пак, не знаев што да кажам. Ги слушав сите, и сфатив дека не припаѓам тука, но некаква маѓосна сила, сила на слабоста, ме врзуваше со нив.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но тие солзи не беа солзи на слабост, туку солзи на гнев, што можеби е исто, оти слабиот е гневен и помни; помни сѐ додека не се одмазди.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Отец Стефан Писмородецот е смерен христијанин, отец пречесен, како сите дванаесет што сте на дворецот; и ништо друго освен видение лажно, во момент на слабост, не може да му се префрли; но тоа со сите нас е така.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Чаршијата и така е терезија на слабостите човечки, на мајтапи и подбивки, ама и дувло на божемни силници кои дома тенко предат како мачори.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тие го поттикнаа гласот на човештвото предупредувајќи дека не е сè попусто.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Мојата постапка е родена токму од истите цели: културата, не само во Русија туку и големите култури на Европа се засновани врз критичкиот метод што е програмиран да укаже на слабостите.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во ноздрите ми се стврднуваше врел воздух.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Никола спомена болест што доаѓа кога човек ќе се најде под игли на темнолилав дожд среде планина, нешто што е и мраз на коските и срам на слабост во месото, но јас, како да не сфаќав за кого се говори, не прашав какво име има таа болест и која света трева ја извлекува со пот од болниот, ти велам: бев само сам, самјак, осаменик, се грчев под тежина и се сеќавав на жената што ме најаде или се обиде да го стори тоа пред да ѝ го видам грбот во отворената врата на собата во која се влегуваше преку чардак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во момент на слабост ја подотворив вратата и се пресретнав со нејзината бушава, сонлива глава.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Толку се занесе во таа борба со сатаната, кутриот, што во момент на слабост или на лутина, и тоа среде олтарот го изусти и она што никогаш во друг случај не би го изустил за сметка на оној во кого најдлабоко веруваше, ја раздра по сета должина мантијата и ја фрли од себе а потоа, онака разгаштен, се упати кон надојдената река и повеќе не се врати.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во секој случај, никогаш ваквите постапки на Русите, како бакнувањето на раката, не сум ги сметала за израз на слабост, а уште помалку за знак на покорност.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Таа одвратна маска сака во мене да легне да ечи меѓу младите брегови на соништата и да ги исполни со чадот на стравот и на тагата и да ги исполни со чадот на слабоста пред смеи мечти
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)