на (предл.) - свадба (имн.)

Сепак по заминувањето на турците и покрај сѐ, мораше да се направи нешто слично на свадба.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Последен пат го видов на свадбата на Јане Скендеров кога на мајка ми ѝ објаснуваше дека само јас од цела фамилја знам правилно да ја држам чашата за вино, исто како и тој.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Нервозата на свадбата произлегуваше од сето тоа: од една страна од стравот на Хана како ќе се справи со обичаите на нејзината нова заедница, од другата, со фрустрацијата поради изневерата на родителите, но и од стравувањето на Леон како нивната врска ќе функционира и конечно, од немата запрепастеност на неговите родители и роднини за тоа како ќе се вклопи дојденката во нивниот строг и скромен начин на живот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Присуствуваа на свадбите што речиси еден по друг ги направија.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Чувствувајќи грутка во грлото, Карер го врти погледот кон она што некогаш било еврејско гето на стариот Закинтос, потсетувајќи се на кажувањата на генерации и на официјалните хроники што неретко како татко на општината и самиот ги оживуваше во своите говори на градските собири одржувани по различни пригоди, од локалите до државните празници: дека Закинтос е остров на одамна воспоставена хармонија на сите негови жители: на православните Грци, италијанските католици и на Евреите, Закинтјаните со мојсеевска вероисповед.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
ТЕМЈАНА: А што е друго сето ова! Денес, на свадбата при првата брачна ноќ!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
5. Вечерта на свадбата Соколе се напи малку повеќе вино одошто си ја знаеше мерата. Беше живнат. Околу десет саатот се враќаа со Спасија дома.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Треба да се врати пред мракот, зашто се канети на свадба.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Другари се нешта кои можеби му се случуваат на мојот внук, роднините ги среќавам само на свадби и погреби (ги избегнувам и едните и другите), а тебе, тебе би можело да те избегнува само моето бесчувствително минато.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
се уште сме на свадби распеани по свадбите намќори замрморени сал туку лелекаме по гробиштата па ги забораваме мртвите.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Го гледаше во ливадата, во полето, на орото и на свадбата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Да се надживее зимата, да се излезе на сонце да се покажат ливадите понајвеќе гороцвеќиња, исусови венчиња, црнокалугерчиња, да навјаса потоа папрад, да се прават од него сеници за на свадба, да се здогледа „свекрвинското“, „зетовското“, „тешкото“, да се види онаа бела дарпна на свекрвата, она од сонцето озарено црвено јаболко забодено во врвот на свадбарскиот бајрак па одново потоа да дојде ноќ, ѕвезди на небото, кои само да потскокнеш – да ги дофатиш, и во заедничка постела, исправени ти, мајка ти, сестричката и братчето да си ја испеете пред благиот сон „Оче наш“...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Извитканите фотографии на кои стоиме заедно со дедовците на брегот, Крстот од своето дрво на полицата, Заклучените долапчиња во гостинската одаја, ’Рѓосаниот меч фрлен во градината, Мистрија на мајсторот, Големите бајраци што ги оддиплуваа на свадбите, Огновите летна ноќ в планина, Шкрипењето на портите рано во сонот, Третото венчавање на старецот од соседната улица, Првата прелага на вереничкиот прстен, Пладнето кога заминуваа некаде војските, Сѐ, сѐ некако одеднаш исчезна,
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Сега ќе се женам и на свадба ќе те канам. Ама да ми дојдеш!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Оди на свадби и погреби, од прва полага возачки.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Десет години ти ја носевме тежината, месата и коските, се извиткавме, се подгрбавевме од таа тежина, десет години ти ги носевме радостите и тагите, лудиот и порочниот живот, ти го носевме доброто и лошото, личното и грдото, треперевме на студови и дождови, одевме на свадби и погреби, на промоции и слави, а сега, во туѓа земја, во туѓ град да си ја докрајчиме живејачката, фрлени грдо, безмилосно, жално, срамно и позорно...
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се фаќаше во орото на свадбата и играше, скокаше до распаѓање; кошулата неколку пати му се натопуваше со пот и му се сушеше; го сучеше орото, а луѓето притрчуваа со плоската пијалок, му ја пикаа в уста и му ја гасеа жедта.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Уште една свадба Сте биле ли на свадба во Лисиче, по каналот па уџум?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Сега пак ќе се повратам на свадбата. Свирач ми беше Јоше, кој би можел друг да биде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се сетил за некој Мустафа-ефендија, ситноглав човек со ретки мустаќи, повлечен хипохондрик со избезумен страв на лицето и од најбезначаен инсект, градски ќата и прочуен пеач од чиј глас ноќите во беговските куќи станувале посветли.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го повикувале на свадби, на сунети и на празнични седенки да везе на тамбура украсена со седеф.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како мислиш со коњот? Порано ќе им го дадеш, или на денот на свадбата?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тоа доведе невестата Видуша уште не земена на свадбата да игра со мев.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Гајдата ја засака уште како дете и не се делеше од неа; кога порасна свиреше на свадби, на веселби, на гости, на свршувачки; свиреше со љубов, со возбуда, заносно, поттупнувајќи со нозете под ритамот на свирката; ги надуваше образите, ги напнуваше вратните жили, мрдаше со прстите по дупчињата и испушташе весела или тажна мелодија спрема песната и расположението; со своето чудесно свирење некому му ги лечеше болките, а некому му ги доразрануваше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Остана дури и денес во прекрасни односи со госпоѓата Фатма Белхоџа, сопруга на покојниот министер за финансии Белхоџа, (Бургиба беше нивен кум на свадбата) главниот преговарач за независноста на Тунис со некогашниот француски претседател Мандес Франс.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Девојките не дојдоа на свадба, старците чувствуваа студ во колковите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
25. НА СВАДБАТА ЗГОРА И АРАЧНИКОТ МУ ДОЈДЕ - оној службеник ревносно што собира наем, а, пак, јадењето, пиењето и свирките тој ден ги пресмета во тефтерот за доживотен заем...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Грчките четници — андартите — не беа голи и боси како „бугарските“; тие дојдоа испроменети во црни фустани, бели ѕиври, со букви на врвовите, а ќостезите на саатите, крстовите што ги носеа на гушите, ѕвечеа од сребро и злато, подресени со лири, обружени со куси синавери, тие изгледаа вистински евзони како на свадба или на гости да тргнале.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој со полна уста му одговори на Стојана: — Море јас се жени, брату, и се оджени, токо гледај сега побарај ти некое пупулче тебе да те прожениме, да ти се наиграм на свадбата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Старата обично одеше да крштава само машки деца за да може, кога ќе пораснат, да се кокори на свадбите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тука ќе дојде честељето со кафе и ракија, ќе напнат гајдите — сега две, една откај зетот што си ја водат сватовите, другата ќе ја најдат кај невестата ,и така ќе се заредат прво песни, потоа и ора, како на свадба!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
КОСТАДИН: На свадба со пари се кани!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Луѓето се кршеа: каде да се определат, каде да одат: на свадба или на погреб.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Некои одеа првин кај мртовецот, му изразуваа сочувство на Танаил и ѝ палеа свеќа на мајка му; ѝ ставаа овоштие, локум и босилок на ковчегот, поседуваа крај неа и издишувајќи од жал, подречуваа нешто за кутрата старичка како се мачела како вдовица да го гледа и одрасне Танаила; и сега кога треба да проживее во полна куќа луѓе, таа си умира, си оди од овој свет; подречуваа нешто и за нејзината кротка, блага душа која на сите во селото, и роднинина и нероднина, само убави зборови им велеше, и која ни на живинче не му свикала, лош збор не му рекла; ќе сронеа по некоја солза, ќе поплачеа, и ќе си заминеа дома; ќе се измиеја на чешмата средсело или езерото, ќе го соблечеа црното руво, ќе облечеа други алишта, и одеа кај Китан на свадбата, на веселбата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Полковниците испијанети на свадбата, ноќта ја преспаа во училиштето.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
А на оние, кои од порано беа појдени на свадбата кај Китан, им беше незгодно, непријатно да ја напуштат свадбата и да одат на мртовец.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Магарето на свадба носи вода, - рече друг.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
– „Ах, проклет да е тој саат, си велел сам со себе Силјан, кога им грешив на мајка и на татка, да ме втаса ваква клетва, бев човек сега и да си ги пречекав сватовите, и јас да се веселам како сите што се на свадбава.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
„Ете, помина со рамнодушност низ мојата лутина“, си реков.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И бомби паднаа утредента, на многу места во градот; и болницата ја разурнаа кај Градскиот саат, иако, целиот покрив беше прекриен со голем црвен крст; и добар дел од оние што беа полегнати по креветите и очекуваа помош ги развеа ветрот со големата лопата на смртта; бомбите само касарните ги поштедија, чудо невидено; а тој, мојот маж а твојот татко, гледај го ти него, го лашти зелениот форд; селото гори баба се чешла; го светнува, го дотерува, како божем на свадба ќе го носи, и во понеделникот, на седми април, точно според барањето на известието, се качи во автомобилот и замина кон касарните.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Да ви се здрави и живи, на свадбите да им играте! се провикна Пелагија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Филип Кралот се ожени со Клеопатра! На свадбата Атал, вујкото нејзин, се опи ги тераше Македонците да им се молат на боговите за да им родат престолонаследник на Филип и Клеопатра.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
После многу нѐ караше. — Не сте овдека на свадба, ни вели, не сте на излет, не сте на љубовна средба.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сѐ почна на свадбата моја, вели, мажот ми го зедоа од венчавка, од пред олтар, вели, после ги зедоа и браќата негови и таткото нивни.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- А не беше срамота шо не ловеа по ниви, по градиње, под прозорци, на армаси, на свадби, на пазар, на патишта и друмови и не срамотеа со тоа нивното рицинус и ренката?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Две рала волови под јарем, коњ само за на свадби, за на панаѓури и за на пазар; седумдесет брави овци, четириесет брави кози, две крави молзници и двајца измеќари...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Нешто од инает, нешто од завист, ама нешто и од уплав да не остане сам и да не се случи некоја тепачка, па грнците да летаат на сите страни како јаболка на свадба, или како црпки по река.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кога ќе ми текне дека на свадбата на другата ми сестра го поканив Американецот, а наместо него дојде Холанѓанецот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Неколку месеци пред тоа го молев да дојде на свадбата, а тој ме одби зошто божем требало да учи и имал обврски.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)