на (предл.) - сарај (имн.)

Никој нема покритие за скапоценостите и знаменитостите на сараите, нема мерило за оценување.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На сите платна беше исликан ентериерот на Сарајот, долапите и мусандрите, вратите и таваните, џамовите со тешки пердиња, ковчезите и каселите, ибриците и мангалите, килимите со необични шари-арабески.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Чувствувам леснина и опој кој лелее од сите страни на Сарајот: од таваните, од подот, од ќилимите, од книгите на рафтовите и полиците.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Под една мермерна плоча на сараите, се чуваше во златно ковчеже голем, скапоцен прстен, што се предаваше од колено на колено, како светина на неговата фамилија.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Додека се качуваше со Турчинот горе, на сарајот, најразлични претчувства му се мотаа низ умот, но ниедно не го возбуди толку, како можноста конечно да ѝ се приближи на саканата жена.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)