на (предл.) - самарџија (имн.)

Сега тие им беа десна рака на мајстор Пајко и на самарџијата Димо, татко ѝ на Калија, кој се свитка како ластегарка откако Калија замина да се закалуѓери во кожленскиот манастир Свети Никола.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Тој Аџи-Трифун е пријател на самарџијата Димо, а овој му ја има дадено ќерката на ибн Пајко ефендија!“ се вдаде некој од агите, за да го пресече валијата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Еве вчера, некој таков неранимајко, влегол во дуќанот на самарџијата Аџи-Трифун и го претепал.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Бошко заедно со Калија одеше на чомлек пазар по урда, и на балук пазар по сушена риба, се туркаше и во врвулицата пред фурна каде што целото маало носеше разни јадења за печење, од лебови до тави гурабии и татлии, ама заедно со чиракот од дуќанот на Марко, им носеше јадење и на Марко, и на самарџијата Димо, бидејќи мајка ѝ на Калија, како и свекрва ѝ, беа дамна починати, а таа прекриена чинија со цедило везден му ја грабаше на чиракот, и самиот, напрегнат, ја носеше истурена напред, како да носи цел товар леб и сирење, грав или јанија со јунешко која не смее да се плисне или, чувај боже, да се истури.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)