на (предл.) - сала (имн.)

Беше близу единаесет часот и во Одделот за документација, каде што работеше Винстон, луѓето почнаа да ги влечкаат столовите од полукабините и да ги групираат во центарот на салата, спроти големиот телекран, подготвувајќи се за Двете минути омраза.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Околу седиштата, по ѕидовите на салата, се поставени единаесет платна и исто толку проектори.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Извидникот пронајде место каде што ништо не ќе може да помине незабележано, подалеку од централниот дел на салата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дефилето на Рада и Томо низ средината на салата предизвика восхит и кај машкиот, како и женскиот дел на гостите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Евтина светкава дискотопка се вртеше во средината на салата, а кога очите му се навикнаа на темнината, тој виде дека местото е полно со мажи, сите седнати по двајца-тројца во сепареа слични на нивните.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Еве, старечкиот глас колебливо, засипнато ја пробиваше вревата, закрепнуваше и во стишувањето на салата полека ги исфрлуваше познатите формули.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Очите на салата сега беа навртени кон Глигора. Тој предизвикувачки ги стегна испупчените усни.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Танцуваше како пеперутка, лесно, предадено,како да е сама во средината на салата.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Што се чудите?! Не одат тие работи туку така.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Шефот на салата ги однесе до местото што Јехуда го беше резервирал веднаш штом му кажав дека треба да го стори тоа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во чистиот дел на салата болните ги облекуваа во сосема нови пижами, ги ставаа на носилки и што е можно побрзо со санитарни коли ги префрлуваа во одделенијата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)