на (предл.) - рогузина (имн.)

Така, ќе му постела нови „куќни“ па потамо ќе гледаме, може на нив ќе му паднат кога ќе се делиме? — и ги фрли на рогузината новите покрови.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Седнавме на рогузината и се чешаме по набивките, по удреното.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Седете ми со здравје, деца" — „ај ми со здравје, дедо", си отиде дома, се понавали на рогузинчето крај оган и предрема некоја декика или саат, не знаеше ни сам колку.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А беше толку полна со деца, преполнета. Од едниот до другиот крај на рогузината.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)