на (предл.) - раја (имн.)

Многу старци и старици се пренесоа во далечното минато и почнаа да тврдат дека овој ќе биде Крали Марко, кој преспал петстотини години во некоја пештера по Мариово, каде, кога влегол ја закачил сабјата во стената, која сега сама паднала, го разбудила и му рекла дека дојде времето кога треба да му одмазди на Турците за нивните зулуми.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но затоа пак во очите на рајата Толе порасна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Единствено фудбалот е тој што лесно може да се продаде на рајата.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Тешко е во Истанбул да се најдат поубави места за живеење од оние каде што со векови живееле турските падишаси, уживале во харемите и покрај шадрваните ја кроеле историјата и судбината на рајата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Опколен од сите страни со злато, дијаманти, смарагди, златни султански одори, човек не може да ѝ се противстави на мислата за величината на една многувековна империја, но тоа асоцира и на една тешка судбина на рајата, која ги создавале тие богатства а умирала гладна.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тој ѝ здодеваше на рајата и бараше млади девојки да му се праќаат во шаторот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Читав: „До уважениот везир, славниот мушир уредувач на светот, предострожен управител на општествените работи со прониклив ум, извршител на народните работи со правилен суд, градител на темелите на господство и среќа, кој ги зацврстува столбовите на среќата и сјајот, окружен со милоста на севишниот владател, до муширот на Румелискиот ејалет, мојот везир Ахмед Мулаим-паша - севишниот бог да му го продолжи господството, и до одличниот правник меѓу наибите, наибот на Монастирската каза - да му се умножи знаењето, кога ќе стигне високиов царски знак, нека се знае: Во бовчата за џезието во Монастирската каза отсекогаш имало по 98 листови од горна категорија, 950 од средна и 162 од долна категорија, вкупно 1112 листови на џизието, што се распоредувале на рајата, населена во споменатата каза, и нивниот износ се собирал од споменатата раја по утврдена процена.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Така ќе се повика на најдлабоките стравови на рајата, која со години гледаше како оние на север мајка ѝ ебаваат на Југославија.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А твоите беговски намесници учи ги да не ѝ прават зулуми на рајата и да не ѝ додеваат многу. И пизма да нема спрема никого.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се враќаа сакати, алипни и сиот бес за маките што ги тргаа во редовите на царската војска, ги истураа на рајата што ја беа притиснале при завладувањето на нивните чифлизи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)