Ја испита и нејзината долга зелена рачка, што прилегаше на рачка до чадор.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Во Општинскиот центар секогаш можеше да се каже дали играл пинг-понг според влажноста на рачката од рекетот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Сме застанале така во браздата, ко посадени, сме се потпреле на рачките од мотиките, и гледаме во небото.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Само малку ќе се потпреш на рачката од мотиката и ќе ја кренеш стомната.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
При стежнување на рачката, таа потчкрипна малку, Смилјанка го чу чкрипежот, скокна од постелата и се допре до вратата.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Го поздравив, здраво, му реков. Тој дојде до мене и се потпре на рачката од сорот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Со кожен ремен со презрамка, со жолти копчиња со буквата Б на токата и најубавото – со едни многу убави ками во кожни футроли, исто со Б на рачката.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)