Трчаше по гостите (без оглед на раса, вера и нација), со такт и елеганција, се мушнуваше низ редот на протоколот, ќе им втурнеше в раце фотографија со трн, а за возврат бараше ливче од нив, ливче со потпис, со збор, со слика, со било што и било како.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
На тоа соединение чии биолошки молекули еднаш, по не знам колку илјади светлосни години, ќе попаѓаат од галаксиите врз нашава планета, од нив да се развијат нови суштества, сеедно какви и до колкава мера поинакви од нас, да се вклопат во ритмот на животот според Неговите формули - класово изедначување на расите и...
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Седумте смртни греови
суетата, многубоштвото, блудот
алчноста, слабоста, охолоста, злосторот
прераната смрт и поделбата
на раси и класи
крволочноста, разбаштинетоста
подземјето и теророт, сѐ
во име на народот и правдата
Платоне
поредокот е устроен од човек
за уметност е настроен, за појезис
за вешто строење жални и страшни собитија
митови и митарења
- што дека ечи заносно стремежот
по идеалното дело космичко
Божјо!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Тенковите околу границата ја чекаа Неговата команда додека тие, со муницијата што ја имаа во складовите, не ќе издржеа ни толку колку што и е нужно време на капка алдехид да се испари, на тоа соединение чии биолошки молекули еднаш, по не знам колку илјади светлосни години, ќе попаѓаат од галаксиите врз нашава планета, од да се развијат нови суштества, сеедно какви и до колкава мера поинакви од нас, да се вклопат во ритамот на животот според Неговите формули - класно изедначување на расите и ...
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)