на (предл.) - раздор (имн.)

Во Бурели Захаријадис и неговата дружина меѓу Македонците го фрлија јаболкото на раздорот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тоа прашање според информациите „станува коска на раздорот меѓу грчките комунистички екстремисти и локалните приврзаници на ЕЛАС кои не се согласуваат со македонските сепаратизам“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во тие неизвесни времиња, кога сѐ можеше да се измени, да се измеша, како ова мигум наоблачено време на планината, кога лесно можеше да се фрли и да зарти семето на раздорот во заедничката душа на луѓето, да дојде директива од „другото небо”, па сѐ да измени, да зацрни, белата зрачна ведрина на Чанга им остануваше како последна надеж на луѓето...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Правејќи осврт на односите меѓу Бугарија и Југославија низ историјата, тој истакнал дека дотогашниот раскол, т.е. „јаболко на раздорот меѓу Југославија и Бугарија, беше статусот на Македонија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Еден ден, се претворил во јаболко на раздорот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Решението на тој проблем, истакнал во интервјуто Смодлака, е „да ѝ се даде на Македонија целосна автономија во федералната држава, со што би се ставил крај на југословенско-бугарскиот раздор“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)