на (предл.) - разденување (имн.)

На разден го прегазија селото Калевишта и пред пладнето стигнаа во Пиљкати.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Беше згора над таа модрина, високо горе, заедно со тоа заискрено утро, ѓаволски добро за лов на диви кози, со сиот тој тврд снег и со сиот овој раскош на разденувањето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На разденување никогаш немало божилак.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Екипата за дератизација мошне успешно си ја извршила задачата: во раните утрински часови, на разденување, без врева, без љубопитните.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)