на (предл.) - ражен (имн.)

Зрното што го виде, мисли го како да е јагне набиено на ражен и го вртиш над жарта, а тоа полека зацрвенува, мириса, ете, до таму, до оние карпи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Леле! Само оној што бил в планина, само оној што бил гладен и уморен, само оној што печел сланина на ражен, знае што сладост е тоа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ги надена Бојан тие клиси на раженот, стави од другата страна на жарта едно суво дрво, и на него го потпре раженот со сланината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се шетам јас така по Осоговските планини кога гледам архитекти што вртат прасиња на ражен... И така натаму.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„И, да, со прасе печено набодено на ражен, како селанец, да те посрамоти!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
— На два коња ќе те черечиме, ми велат мене, ко јаре на ражен ќе те вртиме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А тогаш — пукнатина сред небото... Високонапонски столб. Како шатка на ражен! Силно искрење.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Дружината вешто ги одра, а потем ги стави на ражен бравите гојни.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Па, додека се печеа и сами се вртеа како на ражен, и јас се оптегнував како што умеам.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)