Во еден миг застана реката, го исполни коритото, се поткрена на бреговите, разгледа наоколу: што се случи, се прашува самата, каде е човекот, и со денови шеташе сама низ полето, ги раскопа друмовите, ги раскорна плочите, а кога му ги откри трагите таа се повлече во коритото, спокојна и плавна, загледана во човекот што го чита Борхеса: тенкото жуборење на водата што го довикува споменот на пустината.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
- Ќерка на пустината, - некако со нотка на восхит вели Арсо.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
VIII Живеејќи со години во далните источни предели, бев постојано соочен со почестото верување на луѓето во фаталноста, во судбината, во зборот мактуб (беше пишано, во слободен превод), што го слушав постојано, во различни конотации, во зависност од настаните со кои се соочуваа луѓето, судрени со тешкотиите кои им ги донесуваше животот пред вратите на пустината.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Чаршијата за половина час заличила на пустина. Занаетчиството и трговијата престанале да функционираат.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Доколку му забрани или го успорува влезот на Светиот ветар, во неговиот ум ќе владее темнината: тогаш како на пустинскиот рамен песок, ишаран од ветарот на пустината, во неговиот ум, секогаш ќе се повторуваат истите нешта, врз површинското платно на секојдневието.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Додека се обидувам, осмиот месец од
оваа година, MCMLXXX
достоинствено да го започнам писмово до тебе
ја откопчувам душата како елек
и шаторот твој го распнувам сосема
меѓу вториот и дваесеттиот век
резот е доволно длабок и горешт
светлината да се прекрши и одбие
твојот профил да се обликува појасно
макар и ништо да не не објаснува:
ни империјата, ни мемоарите
ни градот што го подигнав во мислата променлива
- еден град повеќе во Елада, љубената
ниту слободата повеќе од власта што ја сакаше
и Latio не, ни кованите пекунии
со ликот на Антиној, обожаваниот
Humanitas Felicitas Libertas
ниту твојата библиотека која се обновува
лека-полека по светот
ниту противниците, не ни жените не
ни смртта твоја и на твоите современици
и коњот не, и знакот на небото
и мачката со боја на пустина, мед и сонце
(според описот на Јурсенар)
ни патувањата, ни пророштвата
не, не, не, во право си кога се сомневаш
во смртта, кога му се предаваш
на Допирот-Убавината-Сласта
како на Смисла
зашто, поместувајќи ги границите
на крвта, плотта, идејата
животот пренесувајќи го
од една метафора на друга
го одложи толку многу
што остана и за нас!
________________________
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Пустина во која култот на автомобилите, вискито и мразот се одвива секојдневно: феномен на леснотијата покрај фаталноста на пустината.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Нешто се влечкаше по земја и сите шумови брзаа да стивнат и да се разбегаат од страшното дишење на пустината.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)