на (предл.) - професор (имн.)

Татковиот пријател, професорот Харалампие Поленаковиќ, ќе му ја даде на увид на Татко својата докторска дисертација на тема Турскиот елемент во ароманските говори во Македонија, одбранета во Загреб во 1938, под менторство на професорот Петар Скок.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Му телефонирав на професорот, веднаш честитајќи му на извонредниот критичарски усет и прекрасниот стил во неговата најнова книга која, патем речено, ја немав ни видено.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
На професорот, покрај долгата, воодушевена рецензија, му обезбедив гланц ново авто, а тој мене лесен докторат.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Имитирајќи шимпанзо, професорот Оливер ја протна раката низ десната ногавица од своите прешироки пантолони и со изненадувачка вештина му мавна на професорот Роберт со непристојно свиткан среден прст.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во салата влезе командантот на послугата, во свечена униформа, со лице вкочането од лажните зулуфи, приоѓајќи му на професорот Артур.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Го заскокотка доаѓањето на професорите... Ќе оди да се советува со дедо Иван.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се пулеше со стаклени очи студено и одмазнички. Личеше на професорот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Особено брутални цитати може да се најдат, што воопшто не не зачудува, кај италијанските футуристи кои предлагаа Италија да се излекува од својот „карцином на професори, археолози, туристички водичи и антиквари“ (Marinetti) преку уништување на библиотеките и музеите.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Најкорисните написи за читателите заинтересирани за современата уметност се написите за деструктивната реторика на авангардата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Иловицата студентите сами си ја копаа на блискиот рид и сами си ја носеа на колички, како што и сами си ја месеа под надзор на професорот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во петок имаме тест. Денес на професорот му донесов домашна работа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Извинете ме дека помеѓу возбудените а и смирени зборови на изморениот старец им дозволувам и на моите виденија да се осоколат, беше изненадната кратка забелешка на професорот што требаше да ја најави неговата кратка починка.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
На научниот симпозиум насловен не многу претенциозно „Појави во движењата на етникумите“, научното соопштение загадочно насловено како „Наезда на сенките“ на професорот Седларски не привлече некое посебно внимание.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Притоа, во тој воведен дел професорот го беше навел како потврда местото, (предел околу Пчиња), и името (Наум Светиев) на самотникот, сопственик на мала куќарка, надвор од градот, во непосредна близина на викендичката на професорот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Почесто ќе бидат на мислење дека женското движење имало “добро влијание на државата”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Помладите возрасни поретко ќе поддржат забрана на книги во јавни библиотеки или отпуштање на професори затоа што се хомосексуалци.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Исто така почесто од постарите луѓе ќе ги одобруваат врските меѓу припадниците и припадничките на различните раси. 49 отсто од луѓето меѓу 18 и 24 години се согласуваат со давањето предност на малцинствата, за да ја подобрат својата положба, додека со тоа се согласува само приближно третина од припадниците и припадничките на baby-boom генерацијата.” (Katz,130.) okno.mk | Margina #32-33 [1996] 104 ПРИМЕР ПОПУЛАРНА МУЗИКА Расправата за влијанието на музиката не е ништо ново.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)