на (предл.) - противник (имн.)

Тоа им ја зголеми желбата на противниците, та овие често одеа да ги прибираат овие предмети и да протутнат по некој навистина крвав ден, сите во окопите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таква опасност постоеше особено кога Турците ќе загазеа низ делот од полето што го обработуваа Дамческите, а што не доаѓаше до сфатка, и едните и другите имаа да му заблагодарат само на непознавањето на силите на противникот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Секоја странка е должна да ги изнесе фактите и да предложи докази врз кои го заснова своето барање или со кои ги побива наводите и доказите на противникот (чл. 205, ст.1 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Судот одлучува за тоа кои од предложените докази ќе се изведат заради утврдување на решителните факти (чл. 206, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, тргнувајќи од премисата дека „општите одредби не ги решаваат поединечните случаи“ тие, се чини со право, судовите ги сфаќаат како практични и искуствени „секундарни законодавци“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Неувидувањето на оваа вистина, е само несакање на противниците на овој реален став, да се соочат со фактот дека судиите непрекинато носат ‘закони’ [читај пресуди] со повратно дејство – оти спорот за кој пресудуваат е настан кој веќе се случил во минатото и којшто подоцна, ретроактивно, се разрешува.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во текот на главната расправа ќе се расправа за предлозите на странките и за фактичките наводи со кои странките ги образложуваат своите предлози, односно ги побиваат предлозите на противникот, како и за доказите понудени од нивна страна, ќе се изведуваат доказите и ќе се претресуваат резултатите од нивното изведување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А симптоматично е тоа што најголемиот критичар на оваа школа, Р. Дворкин (Ronald M. Dworkin), неа ја сместува во „позитивистичките“ правни школи – што е сосем погрешно, затоа што таа, во својата најдлабока суштина, е јуснатуралистичка, бидејќи алудира на непишаното [етичко/морално/вредносно/природно/вродено] право. 305 го ставаат на значењето што го има креативноста, промисленоста и луцидноста на судиите [elegantia iuris] при толкувањето и креирањето на правото.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Мајсторот, заинтересиран и психолошки да го следи партнерот, го забележа веднаш ова и во првиот момент, токму кога ја одби понудата, му се стори дека во таа нестрпливост на противникот се јавува извесен изглед за неговата победа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Се зборува за национален отпад и се бараат расни прочистувања и стрелање на противникот како идеолошка хигиена.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Просторот е бришан и под окото на противникот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Очекувам јуриш на противникот, генерале. Ваши наредби?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сѐ уште има сила да го задржи веќе мртвото тело на противникот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Полунаведнат виде како пред неговите очи, во изгревот на сонцето, болска штикот на противникот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој е вчудовиден и од истрајноста на противникот и од тоа што бункерите издржаа едно толку жестоко бомбардирање.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во нула-нула часот и триесет минути на 21 август, подвлекувам и запамтете добро, во нула-нула часот и триесет минути низ направениот отвор во одбранбената линија на противникот тргнува главнината на нашите единици.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Применет на противник, е навредлив; применет на некој со кого се согласуваш, е пофалба“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога се однесува на противник, тој означува човек кој без стеснување тврди дека црното е бело, спротивно на очигледниот факт.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Требаше уште да се одредат правилата на однесувањето на противниците во двата табори, секој наоружан со свои зборови, кои требаше да се најдат како жртви на првите борбени линии...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Истовремено знаеше да се испрчи пред животот, дозволувајќи ми тој да ѝ удира шлаканици, но и да пројде низ него, како бестрашен борец кој напаѓа од страна, за да се одбегне ударот на противникот.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Можеа да го достигнат духовното ниво: да прочитаат што пишува на челото на противникот а не беа писмени!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Полегнал со предниот дел на ставата врз издолжениот врат на животното во страв да не падне под копита и под одмазда на голоракиот војувач.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не можел да се задржи на седло. Ја пуштил коњската грива и, кревајќи ја високо десната нога, паднал со рамо на страната на противникот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Спротивно - Арсо ја дигна едната веѓа и го фати шишето за грло пркосно гледајќи рамно во скрвавените очи на противникот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Молчешкум ќе завиваме во потсвеста на противникот, кој ни го сече патот до успехот на нашата пасија...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
„А идентификувањето со разумот на противникот“, реков, „зависи, ако добро разбрав, од точноста со која се одмерува разумот на противникот.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)