На влегување, сега без тропање, ја најде Неда сред куќи каде му мете на прасето и посегна да ја фати за образ, ама таа му ја турна раката настрана и му ја покажа големата врата откаде можеше секој минут да влезе мајка ѝ, и му рече само: — „Пст, мац! Не ваќај кај шо не си клала ота може да е жешко да се попариш!“ — И навистина старата влезе со заграб борина и едно столче.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Му помагаше жена му на Мил, а Кала се врткаше крај огнот во дворот, и кога Дукле ќе извадеше нешто од утробата на прасето (џигер, срце, бубрег, сплина) Кала го грабеше и го фрлаше на огнот да го печи; од нестрпливост и лакомост ги џвакаше уште недопечени.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
„А што ти пречи тоа? Што да очекувам од вас?“, се лути таа.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„Илинко, мори“, ѝ велам, „сета нежност на прасињата ја поарчи. За нас ништо не остави“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
15. МУ СЕ ЗДАЛО НА ПРАСЕТО ДА ПОГЛЕДНЕ В НЕБЕ - тоа в корито, божем в колевка, на грб штом го свртат со врела вода поливајќи го за полесно да се гребе белата кожа каде што скарата шарата ќе си ја црта...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Ѝ личеше на прасе, подготвено за печење, на кое решиле да му закачат кожен ремен околу вратот, за да го довлечкаат (најмрзливо, се подразбира) до најблиското дрво.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)