на (предл.) - пракса (имн.)

Си смислив дека морам да одам на пракса што подалеку. А најдалеку беше Гевгелија.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
За разлика од самите соништа, фабриката во којашто тие се произведуваат не изгледа убаво... како впрочем и секоја друга фабрика: има тука разни маслосани машини, и бучни апарати, и големи зачадени оџаци, и смрдливи отпадни материјали, и привилегирани шефови на смени, и млади преамбициозни кадри, и необработени сировини, и стечајни работници, и ученици дојдени на пракса...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
На Факултетот за земјоделство и шумарство (еми не студирав книжевност), во трета година, преку лето одевме на пракса.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)