на (предл.) - поток (имн.)

Не дозволувајте да ве заведе прошетката низ примамливото зеленило и жуберкањето на потокот со глас на девица што слегува по камењата.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
- Тоа се случи, речиси, ненадејно. Додека се миеја утрото на потокот, Бојан и Денко се договорија.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Природата зеленокоса, бујна, неразбирлив говор на потокот изгрејсонцето и залезот... Ве сакам браќа Македонци и сѐ што е Македонско.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
- Чинела дојди мечката на потокот, велеше татко, да се напие вода или да се искапи, велеше, а крмакот ќе се затрча и ќе ја шибне одзади со секачите, со 'рпалата и мечката ќе рипне, велеше, ќе почне да бега, ама дека нема многу време за бегање, велеше, ќе се качи на една бука.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На потокот се спуштија Орде и Блаже.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
„Водичкава е лек“ - се присети на зборовите на деда си, што тој ги изговараше секогаш кога уште како мало дете го водеше на потокот да се мие.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)