на (предл.) - пот (имн.)

И тука се чувствуваше вообичаениот мирис на варена зелка, заеднички за целата зграда, но беше некако пресечен од едно уште поостро испарување на пот кое - човек го знаеше тоа штом ќе го почувствуваше, иако беше тешко да се каже како - му припаѓале на некое лице што не е присутно во моментот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој ги поздрави двајцата со весело „ здраво, здраво“ и седна на нивната маса, испуштајќи интензивна смрдеа на пот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Знам дека во тие моменти јас ништо не исполнував освен што те празнев, јас бев резерва, јас бев сува храна од која, по оброкот што завршуваше необично брзо, по чаршафите остануваа мали, невидливи вирчиња од кои се испаруваше мирис на пот и одвратни парфеми.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Но, од собите и до доцна навечер и ноќе се ширеа мириси на пот и парфеми, на пијалаци и сперма, се слушаа крикови на сласт, офкања и плачења.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Лежев завиткан во чаршафот кој веќе мирисаше на пот и ја зголемував треската со нервозата што ја имав заради тоа што таа треска ми се јавува еве токму сега на почетокот од големата и благородна работа поврзана со бунарот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И мирисаа на земја и на пот како ова село. Како ваквата ракија.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Отсекаде смрди на пот и на мочка, ти запира здивот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И Ралфи запира, со грбот кон нас, темни дамки на пот под мишките на неговото бледо летно одело.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Се направи дека божем си ја чеша брадата од рамото и продолжи да пишува, ама не беше сигурна дека нешто почувствувала.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Почувствува нов бран на пот како ја облева и ги залепи рацете до телото.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)