на (предл.) - поседок (имн.)

Само во петоците не доаѓаше, кога авлиите се полнеа со чези од турски гости од градот, кои идеа на чист воздух и на поседок.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И тоа затоа дека оваа зима и беше Светијован и Толе на поседок. Инаку, кога беше сама, се едно ѝ беше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Разговарал со Ана, замолил Хајнерле, кој тукушто бил опериран од крајници, да дојде на поседок во Виена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бил многу болежлив, докторите испитувале но освен проблемите со крајниците ништо не откриле, и рекле дека сигурно не му одговара климата во Хамбург.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)