Од една врата влеговме низ друга и веќе бевме во широка одаја, не премногу осветлена, но сепак достатно за да видам необично суштетсво, прилично слично на полип: огромна многуока глава, од која се протегаа долги пипала.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Инаку постојано тонеше во бунило; му се заплеткуваа некакви полипи околу нозете и го тргаа надолу кон длабоките води во кои тој не можеше да дише; се задушуваше, скокаше, се поткреваше од креветот и дишеше лакомо од воздухот за да се поврати во живот; со погледот шеташе низ болничката соба и се мачеше да се дофати за нешто: за лустерот на таванот, за вентилаторот, за корнизите на прозорците, шишето обесено над него од чија течност му се полнеше телото за да му се врати силата; се мачеше да се дофати за било што само да не втонува надолу, да не им дава на полипите да го тргаат во длабоките води каде што не може да поземе воздух.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Видов: Светлоста доаѓаше од многуте очи на Мортенија. Малите рефлектори личеа на волшебни кугли. Не трепкаа, си ја менеа само бојата.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)