на (предл.) - покојник (имн.)

Дедот поп одржа општ парастас над сите поскури и им дрпна едно: „Вечна им памет, бог да и прости, да се живи живите, бог да и прости умрените" и Петре ги прибра и одовде поскурите, а жените си ги зедоа пчениците и застанаа пред вратата на црквата со распарчани погачи — леб, сирење, риби и други мезиња, да раздадат за душите на покојниците: да им се најде на тој век.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
По сандакот одеа неколку мажи и стари жени, преврзани во црни шамии, роднини на покојникот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Смртта не прашува! - додаде вториот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Стануваше збор за Изнесување. Преведено на световен јазик, тоа означува сеќавање на покојникот заради негово обожување.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Селото го напаѓаа невидени роеви влакнести муви со страшни очи кога богзнае каков солен ветар го довеа од некоја далечна земја внукот на поојникот Осип Крстин, за толку години неизменетиот студеноок и молчалив Антуш Крстин.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кога се правеше гробот, кога ќе почнеа темелите да му се копаат, да се поставуваат темелници на споменикот, се канеа сите блиски и роднини на покојникот, како куќа да се прави: се колеше јагне или овен, се редеше главата во темелникот, се правеше ручек, се викаше попот, и тука заедно со мајсторите се јадеше, се пиеше; пред тоа, попот Матлија со крстена водица ќе го осветеше гробот, ќе му пееше молитва, ќе фрлаше поглед на плочите и камењата стокмени за споменикот, ќе ги пофалеше мајсторите што ги делкале, домаќинот што стокмил пари за споменикот, а потоа, сиот измастен од месото што го дрпаше, го поземаше бинлакот со вино и долго го држеше на устата како да го подува.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Зафатија луѓето гробовите што подобро да ги уредуваат, надгробните плочи и крстови да ги испишуваат со најлични букви, да редат слики на покојниците, да ги украсуваат со ангелчиња, со гулапчиња, со светци, саксии со цвеќиња.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Му го спомнав само оној дел од разговорот со Ристе што се однесуваше на Маџунката од Криви Дол; за мајсториите на Маџунката во правењето на ковчези; а патем ја спомнав и последната желба на мртвиот, како и иштавот на покојникот што не смее да се погази.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Еве, само ова му го пренесов, а потоа, за да обезбедам отстапница, се исклештив сосема непотребно додека објаснував дека сум имал впечаток оти зборовите на Ристе декоратерот ми се потсмеваа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Навистина малку го релаксираат додека плива и додека неговото стежнато тело лебди над плочите од дното на базенот, додека тромаво се лизга над имињата, судбините и сенките на покојниците, обидувајќи се да не гледа во нивните симболи, во знаците неизбришливо издлабени врз стариот мермер на дното, што како за инает, водата ги мие, ги увеличува како под лупа, ги прави појасни и поблиски, скоро тутнувајќи му ги пред стегнатите очи и чело на покајаниот делегат на Комесаријатот за еврејски прашања, кој пливајќи се обидува да ја намали напнатоста што ја чувствува низ целото тело и да го одложи надоаѓањето на нервниот слом.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сега лежел на десетина чекори од нив, без свој човек над глава, вдовец но со три снаи и десетина внучиња, сам, под дрипава гуња, мудро насмевнат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Еден шепотел дека сиромавиот премногу знаел за животот, него го учел од свети книги некој калуѓер, друг рекол дека ќе му ја земе на покојникот амајлијата од под гуша - земја од три рида в крпче, таа земја чува од болештини, трет со горчлив подбив прашал дали амајлијата го сочува старецот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ноќта ја минале со молчење.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сега му се одолжувале на покојникот за прикаските со кои ги обогатувал во Кукулино во претпразничните ноќи или во празничните попладниња и брзале да бидат мудри како што бил тој некогаш.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Црниот Пандил Димулев клекнал и со дланка му ги спуштил клепките на покојникот, набабрениот јазик никој не можел да му го врати в уста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Змијата е како леунките. Ќе ѝ стежне млекото, ќе побрза некого да подои. - Реков - не трескај.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ми одговори дека сосема заборавила на покојниците.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Само сакала да ми ги прикаже предностите со кои ја надарил животот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)