на (предл.) - подбишега (имн.)

Додека потпивнуваа ракија од балонот, некако на подбишега, помладиот велеше: „Излегов на крај и со германските царинарници.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Мажите, повеќе на подбишега, а и за да ја проверат јунаштината негова, го прифатија облогот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Со цветно венче на главата, со распуштена руса коса дури до појас, со огрубено лице, со полна кошница бисилкови кивчиња и шарени предена одеше низ Потковицата и на сите крстопати и покрај сите води, и кладенци, каде што поминуваа, каде што пиеја и каде што пладнуваа Турци, правеше маѓии, па така никој, ниту Турчин ниту христијанин злонамерник не смееше да ѝ излезе во пресрет, не пак да ја земе на подбишега и да ја злоставува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Спахиите можеа да ги вратат назад, а можеше и да се случи тие што ќе си дојдат по нив да ги земат на подбишега дека од страв од Турците побегнале од полето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ете тогаш, кога жителите на Потковица и на околните села ја нападнаа железничката станица, беше нашле една фотографија од Тањушка, во позлатена рамка, и дали од простотилак или од пакост и на подбишега, зашто го мразеа татко ѝ, за божем дека бил посрбен, ја прогласија девојката за светица и со нејзината фотографија напред носеа покрсти - одеа низ полето и молеа бога да падне дожд, за да ги наквасел полињата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Вака жителите на Потковицата, на подбишега, им објаснуваа на учителите и на чиновниците на завојувачите кога тиа нив и нивните деца со сила ги тераа пампурите да ги викаат пеќи, и продолжуваа а си се греат - на пампури.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)