Уште поужасна живописност на писокот, до усет за допир по лицето.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Можеби јас сум еден од оние
кои сликаат според соништата
кои одбиваат да ловат, значи да убиваат
со полуотворената уста на стрелата
за да ја наполнат својата
и на своите жени
плодови саможитни што берат
и за нас се молат
да има улов повеќе одошто ни треба
(жените кои мислат поинаку
ги праќаат своите души
на срните да им бидат штитник
на стрелите урок)
за пречек ни принесуваат
богат огрев
богот на гревот ни го ложат пред спиење
за да заборавиме на писокот на жртвите
поостер од остриците во нив набиени
за да гинеме од ноќ во ноќ
непоштедени од грозата на лажната смрт
заблазувајќи им на оние кои писнале
еднаш засекогаш!“
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
А кога тој глас беше најсилен и кога неговата сосредоточеност потреперија и стаклата на прозорецот, кога тој распаруваше со својата машка незаситна болка, еден помлад, поплаховит, уште несознаен за силата на своите извивки, се придружи кон него и ги направи уште потрпки и уште понескротливи сите тие болки на писокот со своето поројно мутирање.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)