на (предл.) - пирамида (имн.)

На самиот врв на пирамидата се наоѓа Големиот Брат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Неусогласеноста меѓу изгледот и облеката се очитува и во нејзиниот сон во подземните одаи на пирамидата, во кои најнапред е запленета како наивен, изгубен турист, каде останува како доброволна љубовничка на фараонот - Сонце, синот на порозната сфинга.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Жестоко алчна беше жената, поалчен од неа веројатно е само фараонот Хуфу, кој, помеѓу другото, се прослави и со тоа што својата ќерка ја прати во јавна куќа за таа исто така да може да даде прилог за градењето на пирамидата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Слава таа навистина не бараше, но што се однесува до „среброто“, тогаш тука, што би се рекло, пази да не! okno.mk | Margina #4-5 [1994] 71
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Разгледајте ја банкнотата од еден долар. Од врвот, одлепен од останатиот дел на пирамидата со ореол (антиракетен штит?), будно нѐ гледа окото на Големиот глобализатор.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Благодарение на американизираното преименување на митските имиња + незнаењето на преведувачот, во епизодата за подземниот свет, Кербер се викаше Субрес, Деметра – Демида, Кентаврот – Сентор, а Персефона – Постстефани!!
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Хористите, со и без маски, грабаат од кошарата и танцувајќи по ритамот на блузот, со уживање ги гризат јаболките. таа во кадата или чинот на капењето како ритуална вертикала мојата пријателка ужива во решавањето еротски криенки низ антиката гилгамеш и енгиду ахилеј и патрокло како топли браќа незаситноста на хачепсут само (за) доволноста на хиполит ноншалантно како дома си влегува во неизмерната живост на паганските олимпи го бакнува кастор во левиот полукс во десниот образ со сибила ги претресува најновите пикантерии мислев се работи за умешност научена од библиотеката од таткото универзитетски професор по математика дека едно попладне не видов како се капе како си игра со сапунот по кожата силно возбудувачки сепак наивно така црномурестата египетска божица си играла во нил со младунчето хипопотам миноската голограда девојка со острите рогови на бикот дијана со шумските извори сосема лесно можев да ја префрлам во персеполис атена картагена нинива меѓу бадемовото млеко гулабовите очи јасминовиот цвет сокот од лилјан босонога ќе стапне меѓу нив во насмевката нитрага од исклештениот грч на дојденката најскриените катчиња на висечките градини се отвораат пред неа мокра сфинга сред куќните змии ограбувачите на пирамиди светите писма лавиринтите сиот си се вжештил ми вели не е тоа секс одговарам тоа е мит и влегувам во кадата есента веќе ги пожолти градските улици или фотоапаратот како детектив
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
И обратно: ако имаме желба, верба и цел – триаголникот на пирамидата е некомплетиран, успехот изостанува.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Полна луна на полноќ: тукушто откриен ќуп мед во внатрешната одаја на Пирамидата: вртење во круг безизлезно враќање јанѕа ... мирис на маточина, мрмор на планински поток, кошариња пчели, тивки дење, потивки ноќе и - збунувачки спокојна бесконечност ...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Здравиот разум најверојатно би ни кажал дека тоа е јаболкото во центарот на најдолниот слој на пирамидата. Да видиме.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Според тие резултати јаболкото во центарот на основата на пирамидата на нашите јаболка трпи најмал притисок од сите јаболка во долниот слој.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)