на (предл.) - пиење (имн.)

Лакоми се на парата, си и тепаат жените и децата, некои се одале на пиење и пушлук, да ми прошчавате; трет излегол кумита, та така од секого би имале по некоа мака.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А и освен тоа, ние сме навикнати на пиење вино.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Историја: традицијата на пиење вино и пиво во Велика Британија се негувала со векови.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Многу млади почетници праат кардинални грешки при конзумирање на алкохолот и затоа чуствуем за потреба да го разјаснам процесот на пиење за да не дојде до несакани последици.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Штом ќе тргне две чаши, се губи... Слаб е на пиење...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
„Ко не пије боље да га није” гласеше една мудрост од северното соседство и оваа мисла јасно укажува на улогата на пиењето у современото општество.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
ФЕЗЛИЕВ: Прав си. Прав си. (Го зема подавалникот и излегува. Сосем заборава на пиењето што му остана врз масата.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)