на (предл.) - пејзаж (имн.)

Климент Камилски, според планот, сакаше да го провери живото постоење на централните набележани заемки, како што се покрај чаршијата и еснафот, уште и ќерпичот, сокакот, маалото, капиџикот, калдрмата, кааван-сарајот и други, кои требаа да бидат и коти на прошетката со Татко во стариот дел на градот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Само по менувањето на пејзажот и по мапата во која одвреме-навреме погледнуваше знаеше дека државата се сменила.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Како зачувани отпечатоци на изгледот на минатото, не само на сценографијата и костимографијата на одвеаните времиња, на променетата топографија и географијата на просторот, туку, најмалку прелажани, и на пејзажите на човечкиот свет, лицата, изразите, односите, слабостите, емоциите, расположбите, душите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тие вистински му недостигаа на пејзажот на денешната чаршија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)