Испарив, збришав, исчезнав, се изгубив, одмаглив, на петите им дадов ветер!
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Кога едната е на прсти, другата е на пети.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Сети се кој ти ги знаеше шарките на петите, лузните на табаните и глуждовите твои, возбудените удари на срцето твое?
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Никогаш потоа не дознав каде е тој човек, барем да му се заблагодарев што ме спаси.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Кога стигнавме горе, Мане нашол некои чевли па ги облеков, а на петите имаа некои потковици како на магаре, па само што ќе стапнев потковиците ќе го кренеа снегот под нозете и јас пак останував боса.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
- Не можам да разберам што ги тера луѓето да си ги кријат бакнувањата - беше нејзиниот сега веќе поотворен коментар проследен веројатно и со невина насмевка што можев само да си ја замислам.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Дури најдов за потребно два-три пати да потчукнам со железцата на петите по калдрмата на Стара чаршија.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)