на (предл.) - пеење (имн.)

И тогаш ќе те тера само на плачење. Или на пеење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со нив требаше да се заокружи овој Реквием, во чие поетичко јадро, во неговите првични, рани песни, смртта на поетот е доживеана и искажана во еден неоромантичарски и симболистички пев при првичното модернистичко искуство, како смрт на славејот во занесот на пеењето, кога сето битие на поетот е обземено само од чинот на создавањето на песната и од поттикот таа, долго носена во себе, да се испее, да се забележи и соопшти.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
„Сигурно му имаат поткажано за Ќосото та ме вика на пеење".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Само нека ме гибне по таа работа, лебами, ич нема да му се, плаша.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Што се случува со тебе, Ведане? - ми свика наставничката Трпана. - Те молам, концентрирај се на пеењето.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сѐ нешто на пеење, на играње ме тера...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)