на (предл.) - пансион (имн.)

А и персоналот носи капи од кучешки кожи за распознавање и како симбол на Пансионот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Додека издресираа куче да го води мажот ѝ Вајс, таа го водеше низ просториите на Пансионот, на прошетка по парковите или по работа во градот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Сопственикот добиваше визит-карта на Пансионот на која покрај адресата, стоеше и планот на Виена, улицата и местото на Пансионот заокружено со црвено тркалце.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Сопственикот на Пансионот, Вајс, беше слеп.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Секогаш носеше панталони и високи чизми во кои имаше пикнато камшик со кој плускаше по кучињата за да ги смири, а често и без потреба плускаше и низ просториите на Пансионот; носеше елече од кучешка кожа со црни и бели дамки што беше упадливо од далеку; во џепчето носеше шишенце со мирис со кој повремено се стркаше штитејќи се од реата на кучињата; косата секогаш ѝ беше врзана одзади во опашка која при одење ѝ се мавташе.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)