на (предл.) - очекување (имн.)

Ако по склучувањето на договорот настапат околности што го отежнуваат исполнувањето на обврската на едната страна или ако поради нив не може да се оствари целта на договорот, а во едниот и во другиот случај во таа мера што е очигледно дека договорот повеќе не им одговара на очекувањата на договорните страни и дека според општото мислење би било несправедливо, да се одржи во сила таков каков што е, страната на која ѝ е отежнато исполнувањето на обврската, односно страната која што поради променетите околности не може да ја оствари целта на договорот може да бара договорот да се раскине.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со раскинувањето на договорот двете страни се ослободени од своите обврски, освен од обврската за надомест на евентуалната штета (чл. 121, ст.1 од ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Спротивно на очекувањата, стана јасно дека нема ништо ослободувачко во сломот на државниот авторитет - напротив: препуштени им сме на корупцијата и на немилосрдната битка на локалните интереси коишто веќе не се ограничени со било каква формална легална рамка.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Фидлер, Вентури и Џенкс укажуваа на општествениот и културниот плуралитет и на со тоа поврзаната хетерогеност на насоките на различните вкусови, на очекувањата и барањата.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)