на (предл.) - отворено (имн.)

„Не излегувај на отворено. Можеби некој посматра.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Му падна на ум дека таа веројатно никогаш досега не го видела на дневна светлина и на отворено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зошто беше така? Затоа што Инквизицијата ги убиваше своите непријатели на отворено и ги убиваше додека тие сѐ уште не се беа покајале: всушност ги убиваше затоа што беа непокајливи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На влезот на компјутерот доаѓа кодирана фотографија во боја, снимена на отворено и на која можат да се видат дрвја, куќи, трева, небо и.т.н.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Најпосле, една квечерина, се појави онаа будалетинка, оној човек со силен глас кој при поранешните посети предлагаше гараж и синема на отворено.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Овие бомби, што се активирале со палење на фитилот, на отворено немале урнувачка моќ, но затоа биле погодни за правење паника со својата силна бучава.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Синот на Тајко почувствува како е исфрлен на отворено, со лицето кон бура што удира во неговиот чун.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Дикли и лопати, уште неза’рѓани, стоеја надвор, на отворено. Борини.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Словенска антитеза Дали ветер се дигна над морето под небото дали птиците се вратија и топлите времиња дали јазикот се поднови и смислата или миговните богови збор зедоа и загинаа та преметите, луѓето и соништата безобѕирни просторот и горчината ги размножија и душата ми ја изнесоа на отворено како разговор во акропол да не смее да биде сама а да сака?!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Денот и ноќта кога се размеѓуваат, в бунило телата си ги возвраќаат: доказ е спермата плисната на пол-небо, на пол-земја (разбудете се, возбудете се утре кон 4 часот излезете надвор на отворено и погледнете!)
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)