на (предл.) - останување (имн.)

Се обидуваше да им создаде нов поредок на своите книги, според стратегијата на останувањето, наложена од неговата најнова функција, како социјалистички судија.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но силата, гравитациската сила на останувањето на Дедо да остане и опстане во родниот Поградец, и покрај сите заминати сестри во Цариград, ја чувствуваше и во Цариград како сила на заминување.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Го бараше својот пат помеѓу мајкиниот лет кон Турција и татковиот повик за останување...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се чини оти баба имаше многу посилни причини за да заминеме, отколку дедо за да останеме крај брегот на Езерото, во куќата која тој ја замислуваше како тврдина на останувањето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)