на (предл.) - осознавање (имн.)

Таквите хипотези, вон научниот контекст каде што како работни претпоставки во процесот на осознавање имаат неизбежна улога, но каде што исто така, барем начелно, можат и да се верифицираат, во овој случај не се ништо друго туку обичен интелектуален шкарт, нуспроизвод од третокласно необврзно муабетење.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Приклученоста за машините секако имплицира нова антрополошка констелација и нов тип на субјективно осознавање, втемелено во општото спознание.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Таа нова положба исто така пренасочува кон размислата за природата на осознавањето, неговите специфики и историчност, посебно поради тоа што постмодернистичката дилема и пресврт (замена на парадигмата) со право го релативизираат семоќниот дух (ум), неговиот непосреден примат над сетилното и (по општите претстави) од понизок ред сетилно осознавање.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Допирот во процесот на осознавање почесто делува во соработка со другите сетила, пред сѐ видот, затоа т.н. хаптично осознавање на тродимензионалноста е можно дури и при симулација на виртуелни тела, какви што се холограмите.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сетилото за допир е при­лично материјално, непосредно, исто така е и егзистенцијално сетило кое што има важна когнитивна функција (да споменеме дека детето ја осознава околи­ната токму со допирање на предметите), но очигледно сè уште нема референт што одговара, значи предмет што би можел да се конструира во повисоко тео­ретско ниво на сетилното.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)