на (предл.) - осветување (имн.)

Беше тоа пак само едно просто продолжување по посоката на будењето, само едно растење на осветувањето во него и тој сега плачеше, увиснат и безволен за секакво друго движење, од тоа, што не можеше никако поинаку да го искаже она, што се случуваше со него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На измама и со сила ги дотераа таму луѓето, за да присуствувале на осветувањето на општината и на училиштето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)