на (предл.) - оро (имн.)

Убаво почнува ова попладне и тој се радува дека нејќеше да им свири пред ручек на орото, оставаше за после.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
По примерот од Челебијата, сите чауши, почнувајќи од Ѓузепа до кир Андона беа си фатиле по една посестримка од младите мариовски невевчиња и чупи и секој секоја вечер се шеткаше со по една низ боровата гора, играше до неа на орото во неделините и ја водеше во својот стан сат два пред пајдосот за неколку бели череци месечно, некоја гривна, обетки, прстенчиња, синџирчиња и за некоја и друга натпишана надница.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го гледаше во ливадата, во полето, на орото и на свадбата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ни на оро, сред младите, ќе видам, либе мое, да блеска твојот пусат в сјај.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Ни на дојденците, биле тие наши роднини или намерници, не им даваме да пеат и да се вртат на оро.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ни гајда ни грло се има кај нас за песна - пред три години ни заклаа неколку момчиња. Тагуваме и си го носиме крстот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога се веќе подредени застанува пред Антица и теловите кои и го покриваат лицето и ги подвојува на два дела и така и ги фрла преку рамењата на грбот, а по тоа се фаќа прв на орото.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Таман што кумот ја крева ногата да заигра и зинува да запее Антица се пушта од орото и почнувајќи од кумот та до кумата и старосватицата им бацува рака и потоа се фаќа на орото.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
А ние, другарите од нејзиното довчерашно работно опкружување, уредно поканети, наполнивме една цела маса, заедно со едно американско семејство, кое, замислете, веќе со години живее и работи во нашата земја, со 4 деца, од кои 3 беа присутни, па и ората наши ги знаат, па нема-нема, оп на оро.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Првиот брза пред другите двајца: - Ја зобаш ти народната мака и на оро, си со брадестиот јарец талјански и швапски и со сите твои и заслужуваш да те избричиме под грло не како што бричи селскиот бербер Кузман па сѐ влакна бијат од лице туку ќе те избричиме јас Мушмула и Сотир ниедно влакно да не ја пробие кожата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кај да е ваперот, ако чуе гајда, ќе дојде, вели, и ќе се фати напред или на крајот ќе се фати, вели, и ќе ти тежи, ако е фатен до тебе на орото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Сѐ живо на нозе“, ревеше младоженецот. „Малку сте. На оние што ќе се фатат на оро има давам по пет долари.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Еден ден, на Свети Никола, имавме игранка, гледам среде селото дојде една чеза, а од неа се симнаа мојот школски другар од Марена и двајца полицајци бугарски, се симнаа и право се упатија на орото.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кога одиме на оро сите во неа гледаат како убаво игра, а гледаш колку убаво девојче имаш. Тука и гостите ѝ помогнаа и потврдија.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
6. НАДВОР ОД ОРОТО МНОГУ ПЕСНИ ЗНАЕ - мелодија тананика, но зборовите му се туѓи, а на оро штом се фати ќе почне и да се кае дека нозете му се плеткаат по тактови други...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
- Кавалџијата Ангеле извива копнежливо чекорејќи назадечки од почетокот кон крајот на орото - кајшто се момичките првпат фатени.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
(Сите групи се здружуваат во една. Секој вади од торбата по нешто за јадење. Додека се поткрепуваат оддалеку се слуша меката и болна мелодија на кавал).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Тебе дома, Јано мори, не те најдов, тук те најдов, Јано мори, на орото. Ти виеше, Јано мори, до три танци.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Тука и на орото на сретсело треба да се покаже мајсторлакот и трудот од цела една година: која девојка навезала поубава кошула, искала поубав прегач, саѓија или исплела поубави чорапи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И кога сите минеа покрај врбата стушена - делии се запираа незнаен брат си викаа: „Ја стани, море јабанец на оро со самовили!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
И од ним - самовилите една по една идеа - од гроб до гроб го дигаа јунак до јунак - на оро.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Викнав гости и тапани, оти непендек е вампир на оро сака да игра.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
А ако имаат, како ли ќе го поведат орото невестинско со една нога или без нозе, како ќе ја развеат шамијата на оро без рака? Како ли?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
ЕФКА: Ајде сега и моето лозје да го развеселиме! (Играјќи отидуваат, последна баба Цонка со бебето.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: Се фатила баба на оро, ќе игра. (Несигурно игра и подоцна Петрија му дава да го води, орото.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ПЕТРИЈА: Еј, де куме, деее!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: Ајде свирка, песна, оро! Ајде цело Скопје да чуе! (Се фаќаат на оро сите.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
црвената: пламливи, избувливи луѓе: што на ум, што в срце - тоа на уста, за една болвосерка - туриваат каца со мед; им пререче ли нешто, им се пикна во зборот, не ги поддржа, не им одобри - повеќе за тебе не држат, те замразуваат; додека имаат мака на алтан-терезија те држат, кога ќе им помине маката, за старо тенеќе те даваат; само тие како да постојат во селото; соседите ги тераат да ги врзуваат кокошките, а тие кучињата свои ги пуштаат кај што сакаат; кога ќе се впипрат во лицето - запелтечуваат; ако ти е фрлена шега, подбив, мунѕа - од нив е; се зафатија ли со нешто, наумија ли нешто - или ќе го сторат или раката ќе си ја отсечат; жолтата: колебливи во очи, во држење, во однесување; многу сакаат да слушаат, да чујат сè, а ни трошка нешто од себе да речат; во расправиите бегаат, не сакаат тука да се најдат; дома глас не им се слуша, како да не се живи; за мала работа трчаат кај соседите за совет; кога ќе им влезеш в куќи, не ги фаќа паника, ниту брзаат да те почестат; ако дедо им бил говедар, козар, питроп, полјак - таткото и синот и внукот се тоа; по гробиштата кога сите лелекаат и плачат, тие ги гаснат свеќите да не се трошат до крај; секогаш одат со навалени глави загледани во земјата како да бараат нешто што изгубиле или пак што загубил друг; кафеавата: рано легнуваат, рано стануваат; тешки во одењето, тешки во зборот; само за себе живеат; што било, како било - во нив останува; дома со седење те пречекуваат: ќе те измерат: кој си, што си, па ќе станат; за многу работи се прават дека не чуле; она што е нивно не го даваат на друг да се послужи; устата им испушта мед, а срцето пелин; кога ќе им дојде невеста во куќата, или ќе ја претопат - табиетот да им го земе, или клоцата ќе ѝ ја удрат; имотни се, но со прсти стегнати, кајафлии не се расфрлуваат и не арчат многу: дури и кога дечињата наутро ги празнат мешињата, ги празнат во дворот - да имаат што и кокошките да колвнат; избегнуваат кај што не им е по ќеф или кај што шерепере се зборува; жените со плетиво одат в поле, в планина, в црква, на молзење, в град по купување; кога даваат совет, не ти кажуваат сѐ докрај - нешто и за себе задржуваат; ако те засакаат - виделе нешто во тебе што им се допаѓа; кога ќе им се случи нешто лошо во куќата, одмерено плачат; кога се болни, не ѝ веруваат на болеста; со неа шетаат, со неа работат, со неа по веселби одат; ја носат, а гледаат кому да му ја прилепат; розовата (шеќерлијата): чаламџии, фодули, самобендисани, а купи ден - помини; на оро први; те сакаат додека имаат мака; јајце да варат, надвор го варат - да ги гледаат сите; од надвор куќата чиста, паќна, што се вели: азна, а внатре празна; што да се случи во селото - први разбираат; во разговор ќе те префрлуваат од рид на рид, ќе ти тргаат фурки - в очи ќе те лажат; не држат многу до зборот: речи - одречи; ти даде ли нешто, сите знаат; новата кошула ја облекуваат врз старата: кој да види да завиди; први се за гости, за јадење, за пиење, а кога ќе им дојдеш дома - им поминал светецот!
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)