на (предл.) - општина (имн.)

Во вакафските простории, покрај членовите на стручната комисија и претставниците на Партијата, на општината и на архивот, со Татко влегоа и градскиот исламски верски поглавар, со уште двајца други верници.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
По убиството во село Бач (Битолско) на Мицко - претседатело на општината кај нас се знае следново: жена му на Мицко го видела наредникот кој го извикал ноќта од дома.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ако се согласувате со планов, вели повторно исправајќи се во столчето, да ви кажам уште и тоа дека за начелник на општината го предвидуваме Костадина Дамчески, за учител Јосифа наш Акиноски, а за свештеник, за некое време и а да се полакомат Грчиштата, Хаџи Ташку, па да го потпишеме писмото и да си отидеме по дома.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
За судија на борбата Мустафа ефенди го одреди прилепскиот кадија Абдурахим Али.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Добро познавајќи го убиецот, таа веднаш отишла во Битола за да му се поплачи на жупано, но наместо заштита ѝ било наредено „добро да си ја затворам устата“.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Максим им заповеда да ги затворат дуќаните и заедно со сиот потребен алат таму да отидат, на ѕидањето на општината и на училиштето, за да им бидат од припомош на мајсторите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сето тоа Лазор го гледа од под веѓи и зашто отпорано знае што има нацртано на внатрешната страна на тутурката, планот на Потковицата, си дума и се надева дека можеби не се собраа за да го ругаат него, дека можеби и овој пат ќе разговараат за тоа за кое од смртта на татко му на Максима наваму секоја година ова време разговараат - за барањето одобрение за ѕидање црква, а годинава за барање одобрени за ѕидање и на општина и на училиште.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Уште не беше довршено ѕидањето на општината и на училиштето, а во Потковицата се расчу дека Максим се раскарал со некои прилепски и битолски првенци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Лазор, кутриот, се сврте наврапито спрема Максима, но Мустафа ефенди, како и сите Турци голем љубител на борењето, рече Јас ставам две лири на нашинецов и веќе немаше кој да одречи да нема борење помеѓу нив, помеѓу Лазора Перуноски од Потковицата и Иса од Кичевско: Мустафа ефенди го испрати протуѓерот да ја разгласи борбата за точно напладне во Али чаир па сите заедно слегоа во дворот на општината за да ги состават борачите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сѐ до 1998 – поточно до доаѓањето на К.Камчев на директорската функција, кој претходно работеше како инженер- програмер во истата фабрика – работните услови во АД „Киро Ќучук“ беа релативно добри и немаше кршење на работнички права од поголеми размери.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Јавна установа може да основа РМ со средства во државна сопственост како „државна [национална] установа“, општина или градот Скопје со средства во сопственост на општината односно градот Скопје како „општинска јавна установа“ односно јавна установа на град Скопје (чл. 4, ст.1- 2 од ЗУ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Установата може да биде јавна, приватна и мешовита.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
После промената од директорската функција на претходникот на Камчев, сега покојниот О. Николовски (кој тогаш е испратен во 30-дневен притвор, а кој своевремено беше и градоначалник на општина Велес) – на „жешката“ и привлечна директорска позиција се сменија тројца ВД директори.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Простран, со водоскок, во самиот центар, на чии оснежени фигури наседнале младичи и девојки, фрлајќи топки од снег, обиколен со монументални објекти - старата зграда на општината, градена во минатиот век, достоинствена, со голем градски часовник, со две цркви, кои се реновираат, а во дното се златее големата и монументална „Палата на Републиката“, во која само во еден нејзин дел е Претседателството на ДР Германија, а сѐ друго во овој огромен комплекс служи за обичниот граѓанин - за негова разонода, пред сѐ за младината.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„... Можете да добиете социјална помош, ако по вашата смрт, одајчето во кое живеете, ѝ припадне на општината“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Нејзината претседателка беше прва братучеда на претседателот на општината.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
За таа цел Александра отпатува до Германија, на сметка на општината којашто, просто, обожаваше да спонзорира презентации на успешната кариера на своите некогашни жители в туѓина.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Подоцна Александра му кажа дека на тоа инсистирал претседателот на општината, заради поголем пропаганден ефект – глупаво би било да снимаат во некое местенце што го нема на картата на Европа.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Гита го жали: во пролетниот календар на гибелта, некогашниот прв човек на заедницата, сега само странец во еден голем ориентален град што никогаш наполно не го прифати за свој, поранешниот главен рабин и претседател на општината на Салоника ги брои писоците на локомотивите што ги најавуваат транспортите на живи луѓе, откорнатици со извесна дестинација, но и неизвесна судбина.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Поетот не успева, но го посејува семето на заедништвото, на отворениот простор, така што ѕидовите на обградениот еврејски дел од градот сепак се урнати, дури век подоцна, по иницијатива на еден од неговите претходници - ја реконструира Карер локалната хроника во себе - во времето кога островот се присоединува кон Грција.  „Островот ли ги зближува луѓето”, по којзнае кој пат се запраша Лука Карер.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тие расштимани звуци навидум внесуваа живост во депресивната атмосфера од третата окупациска зима на островот.  Лука Карер шеташе вдолж молот и досадувајќи се, со врвот на големиот црн чадор со дрвена дршка, ги допираше металните бочи на пристаништето.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Чувствувајќи грутка во грлото, Карер го врти погледот кон она што некогаш било еврејско гето на стариот Закинтос, потсетувајќи се на кажувањата на генерации и на официјалните хроники што неретко како татко на општината и самиот ги оживуваше во своите говори на градските собири одржувани по различни пригоди, од локалите до државните празници: дека Закинтос е остров на одамна воспоставена хармонија на сите негови жители: на православните Грци, италијанските католици и на Евреите, Закинтјаните со мојсеевска вероисповед.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Покрај него стоеа уште тројца службеници на општината, сите со црни чадори во рацете, а нешто потаму и настојникот на митрополијата и неколку свештеници со развеани бради и раса, и камилавки кои како по наредба ги придржуваа на главите секогаш кога ветрот ќе дувнеше позасилено и ќе однесеше нов навев на солен воздух кон главниот град на Закинтос.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во мај, разредениот воздух над гетото Барон Хирш само двапати го пара писокот и го исполнува пареата од локомотивите на двете композиции со нов човечки товар во истите добиточни вагови: на 3-от и 9-от ден на месецот во кој едвај кој можеше да забележи како богато цутеа дрвјата во дворовите од напушените еврејски куќи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
ЗИДЗРО (1997) ја ограничи обврската за јавно огласување само кај јавна установа, јавно претпријатие и друго правно лице што врши дејност на јавна служба, државен орган или орган на општината, односно градот Скопје (чл. 3, ЗИДЗРО/97).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
22.  До денес (март 2010) не е донесен закон кој ја регулира материјата за т.н. „најниска плата“, а оваа материја не е регулирана ниту со Општиот колективен договор за 32 која гарантираше исплата на плати и тогаш кога средствата за лични доходи и заедничка потрошувачка на организацијата и средствата од резервите не се доволни за целосно измирување на загарантираниот личен доход – и тоа преку користење на позајмица од фондот за заеднички резерви на општината, Републичкиот фонд за заеднички резерви, општинскиот и републичкиот буџет (чл. 35, ЗРО/90) – при што исплатата, по барање на работодавецот, ја вршеше тогашната Служба за општествено- книговодствени работи, денес позната како Управа за јавни приходи; б) во 1995 беше укината одредбата дека платите се исплаќаат најдоцна до 15-ти следниот месец (чл. 1, ЗИДЗРО/95).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)