на (предл.) - одделение (имн.)

Во времето од 1954 до 1958 имав пристап во сите одделенија на болницата Саскачеван во Вејбурн и многу можности да разговарам со различни пациенти и на одделенијата и во трпезаријата.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Оној што во тоа беше најагилен, што најмногу се истакнуваше можеше да стане командир на одделение, одговорен на секција, дежурен во кујната, надгледувач, можеше да биде меѓу првите при јадењето (што не беше малку важно), - со еден збор таквите другари во сѐ предначеа, беа наградувани, привилегирани.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Татко на работа доживеал мозочен удар и итно е префрлен на одделението во Скопје.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Решија веднаш да дадат прилози за него, но успеаја да соберат сосема незначителна сума, зашто чиновниците без тоа веќе се беа истрошиле вложувајќи за портретот на директорот и претплатувајќи се за некоја книга, што им ја предложил началникот на одделението, кој му бил пријател на авторот, и така, сумата излезе сосема безвредна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Поради некои според мене сѐ уште нерасветлени околности Вртанов беше оценил дека токму во мојата личност може да се види идниот шеф на одделението па затоа настојуваше навреме да се здобие со толку посакуваниот статус на доверлив соработник.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)