Го забришува од лигите, од сукрвицата, од ирата моја, и: плук, плук, да не те урочам и да не те настинам, слушам како му вели на детето и го поплукува на обравчињата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Детето цица, ги подотвора очињата, потклоцнува со ножињата и една мала шурка млеко му се одблиснува на обравчето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Плачам и само го бацувам, целото го бацувам: во косата, меѓу очите, на обравчињата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)